Новитети

RPM Fest – Уште едно успешно издание во Штип

Марко Соколовски2 мин.Фотографии: KorrmotiveДо фотки

На покана од колегите од RPM MK, Korrmotive присуствуваше на овогодинешниот RPM Fest кој се оддржа во Штип на 15 ноември. RPM Fest е настан посветен на македонскиот автомобилизам, а и мотоциклизам, и е најблиското нешто до вистински саем за автомобили на нашиов простор моментално.

Повеќе автомобилски импортери и брендови беа присутни на настанот со повеќе изложени модели, меѓу кои Mazda, Renault, BYD, Dongfeng, JAC, Peugeot, BAIC, GWM и уште некои други. Беа изложени и возила на тимот на RPM, т.е црниот Porsche Boxster 986, како и Renault Twingo кое изгледа спремно да совлада било каков терен. Бонус поени за стикерите на Twingo-то :) 

Освен што имаше изложени примероци за публиката подобро да ги запознае, некои од брендовите нудеа и тест возење на лице место. Освен автомобилските брендови, на настанот се придружи и Hamachi, штипската компанија која е фокусирана на возила на две тркала; Zontes, Benda, CFMOTO и уште некои други брендови, а ја изложија и понудата на целосно електрични автомобили.

Други истакнати учесници беа Auto Spa Detailing, кои ја имаа изложено речиси целата гама на сопствени производи за нега и чистење на автомобили, како и, да кажеме, службениот Mk6 VW Golf GTI, All-Electric со електрични возила на две тркала, меѓу кои тротинет и cross мотоцикл за најмладите, како и Battery Evolution – првиот засебен сервис за електрични и плаг-ин хибридни возила во Македонија, кој наскоро ќе се отвори во скопската населба Ченто.

Едно искрено благодариме до Кирил и тимот на RPM MK за поканата, а вас ќе ве оставам со неколку фотки од настанот. Како што оди мудроста, само за вакви убави работи да се гледаме во иднина!


Ти се допадна?

Сподели

Повеќе новитети

Сите објави