Не знам како се погоди вака по втор пат, ама решив да спојам два важни новитети од Opel во едно. И двата се однесуваат за електрични возила, едниот за новата брза Corsa, а другиот за нов електричен SUV од брендот со занимлив план. Ајде да видиме…
.jpg&w=1600&q=75)
Opel конечно ја претстави најбрзата верзија на познатата Corsa, Corsa GSE. Всушност, ова е третиот модел кој ја носи оваа ознака после Astra GSE и Grandland GSE. Се работи за целосно електричен хот хеч, а воедно и враќање на брзата Corsa во понудата.
.jpg&w=1600&q=75)
Слично како сестрите Peugeot 208 GTI и Lancia Ypsilon HF, Corsa GSE користи еден електромотор поставен на предната оска со до 281 коњи и 345 Nm вртежен момент. 0-100 е 5.5 секунди во Sport режим, што е побрзо дури и од многу хот хеч модели во повисоката класа. Кога не е во Sport, има само(!) 231 коњи. Максималната брзина е 180 км/ч.
.jpg&w=1600&q=75)
Од надвор јасно се гледа дека се работи за посебна изведба. Освен интересните аеро фелни, имаме поагресивни браници и проширување на крилата, и за изглед но и за да ги собере поголемите тркала.
.jpg&w=1600&q=75)
Под каросеријата имаме нов диференцијал со ограничено пролизгување, и повеќето компоненти на шасијата (амортизери, стабилизатори итн.) се појачани. Opel не го истакнаа опсегот на струја, но батеријата е со истиот 51 kWh нето капацитет како сестрите, и како регуларната Corsa Electric.
.jpg&w=1600&q=75)
Ентериерот е стандардна Corsa приказна, само што има уникатни инсерти од алкантара и жолти шевови, спортски седишта и жолти безбедносни појаси, за да се знае дека сепак не влегувате во обична Corsa.

Ова е интересен момент, само што јас и понатаму не сум нешто убеден од концептот на целосно електричен хот хеч, а Corsa Hybrid која ја возев пред пар години си беше многу интересна сама по себе, и уште од тогаш ме стави во мисла; како би било ако Corsa Hybrid добие своја хот хеч изведба? Сепак, не е дека електричните хот хечови не се воопшто интересни, и ќе видиме како ќе биде со Corsa GSE во добро време.
А сега, другата прилично ударна вест од Риселсхајм.

За оние кои не се во тек, Leapmotor е кинески бренд кој неоддамна оствари стратешко партнерство со Stellantis. Акцискиот удел на 20% од страна на конгломератот му овозможи канали на дистрибуција на Leapmotor низ Европа, а на Саемот за автомобили во Белград оваа година официјално соопштија дека Автонова ќе биде увозникот за Leapmotor во Србија, што значи дека најверојатно истото ќе важи и кај нас.
Секако се спомна дека Leapmotor наскоро ќе може да ги склопува своите модели во фабриките на Stellantis ширум Европа, но сега има еден друг интересен момент; Opel веќе развива целосно електричен SUV заедно со Leapmotor, т.е ќе користи некои од технологиите развиени од кинеската марка.

Флоријан Хуетл, извршниот директор на Opel, веднаш истакна дека нема да се работи за Leapmotor возило со Opel значки, ова ќе си биде препознатливо Opel модел, само ќе користи некои од технологиите. Хуетл додава дека моделов ќе биде со должина од околу 4.5 метри, што дефинитивно го позиционира во C-SUV сегментот. Во моментов Opel нема SUV кој го пополнува тој сегмент; Mokka и Frontera се водат како B-SUV, додека Grandland е на праг на D сегментот.
Овој модел би требало да го видиме до 2028 година, и Хуетл исто ни даде еден вид teaser за името. Не кажа како ќе се вика, но кажа дека била одлична идеја враќањето на името Frontera. Странските медиуми афирмираат дека најверојатно нема да се вика Manta, но сепак ова значи дека се спрема име од историскиот каталог на Opel. Ако морав да погодам, најверојатни се Antara или Omega. Можеби и Insignia, ама мислам дека тоа би го чувале за нешто што е доследно за во D-сегментот.

Hyundai Ioniq 3 влегува во растечкиот сегмент на мали електрични возила.

Новиот Audi Q4 e-tron добива очекувани, но забележливи подобрувања

Geely Starray EM-i ја имаше својата официјална премиера.