Два дена по големата премиера, официјалниот дистрибутер за BYD во Македонија, Evolution Auto, започна со првиот pop-up салон во центарот на Скопје. Од денес, 01.10.2026, можете да го посетите салонот и да се запознаете со моделите на BYD одблиску.

Салонот се наоѓа на приземје во Kam Mall во центарот на Скопје, на булеварот Св. Кирил и Методиј, веднаш до ресторанот Forza Fusion и спроти Scout Outdoor Shop. Во моментов четири од седумте модели од понудата се изложени; малиот Dolphin Surf, Atto 2 DM-i, Seal 6 DM-i и Seal U DM-i. Можете да ги видите и да прашате за сѐ што ве интересира.

Ми се допаѓа тоа што и BYD се реши за овој тип на салон првично; во центарот на градот каде што има многу луѓе, и каде што возилата ќе привлечат доста внимание. Мојата посета на салонот траеше околу еден час, и само во тоа време околу дваесетина луѓе дојдоа и прашуваа за возилата.

Во салонот не се изложени сите модели моментално, но преостанатите три – Seal, Sealion 7 и Atto 3 – би требало наскоро да пристигнат. Исто така, сѐ што гледате тука за многу брзо ќе пристигне на тест, па ќе видиме со што друго има да се пофали BYD.
Од мене толку, погледнете ги фотките и посетете го салонот кога ќе сте во можност. За тоа како е зад воланот на BYD, следете го Korrmotive. :)
