Веќе сме целосно влезени во Neue Klasse ерата на BMW. iX3 и i3 веќе ги видовме, а iX3 и неоддамна ја имаше својата премиера кај нас. Мислам дека сите се прашувавме како ќе изгледа Neue Klasse дизајнот на модел со мотори со внатрешно согорување, и сега и тоа имаме прилика да го видиме. Искрено, многу подобро од што очекував. Ајде да видиме.

Како што знаеме веќе подолго време, една од главните новости кај новата генерација на X5 е тоа што ќе се нуди со пет различни погонски единици. Со други зборови, за сите по нешто. Ќе има бензин, дизел, плаг-ин хибрид, електричен, и дури и верзија на водород.
Ми кажа едно врапче дека многу сакате да гледате бројки и податоци. Се надевам дека беше во право, бидејќи токму тоа следи. Да ги видиме цифрите, па да преминеме на другите информации.

Прво, електричниот iX5, кој прво дебитира во 60 xDrive варијанта.
Понатаму, X5 M60e xDrive, моментално најмоќниот модел во понудата, барем додека не се појави X5 M

X5 50e xDrive го користи истиот систем, само што има 489 коњи вкупно, и дометот на струја е малку поголем; до 102 километри според WLTP.
Понатаму доаѓа на ред 40 xDrive
Како и, верувале или не, 40d xDrive. Да, дизел!

И покрај тоа што сите верзии со внатрешно согорување користат мотори со шест цилиндри, поради новиот систем за палење, сите верзии се подготвени за Euro 7 регулативите. Значи, кога се сака, се може.
Засега нема информации околу верзијата на водород, ама мислам дека како и да е тоа ќе биде по niche изведба наменета само за пазари со погодна инфраструктура, а за жал, такви пазари има исклучително малку.

Како што спомнав погоре, ова е (барем од времето на објавување) првиот Neue Klasse модел кој користи мотори на внатрешно согорување, и да ви кажам искрено, добро изгледа. Со M пакетот (мат сивиот) навистина изгледа импозантно, ама морам и да ја издвојам прекрасната Vancouver Green зелена боја.

М пакет во комбинација со таа боја би било навистина спектакл. Веќе познатите елементи на Neue Klasse ги гледаме тука, со еден впечатлив исклучок: дневните светла напред во форма на X. Можете таа опција да ја исклучите и да бидат само дијагонални линии, а како што гледате, на некои верзии ќе бидат жолти. Ова не е мој тип на светлосен потпис, ама дефинитивно спаѓа во категорија „Пази го ова сега!“

Предните бубрег маски се вертикални, како кај iX3; се чини дека вертикалните ретро маски остануваат за SUV моделите. Од страните најинтересниот момент се дефинитивно кваките на вратите. Сигурно си викате „Кваките? Па кај се?“ Скриени се во столбовите на вратите, за подобра аеродинамика.

Ги викаат winglets, ама нека бидат кваки, бидејќи најблискиот превод за тоа би бил „крилца“ а тоа значи нешто друго. На некои модели, само ако ги притиснете кваките, ќе се отворат вратите автоматски, и сите верзии на X5 сега доаѓаат со soft close, т.е ако не ја затворите до крај вратата, таа ќе се повлече самата.

А што ве чека кога ќе се отворат вратите? Новиот ентериер на BMW, секако. Го имаме новиот инфозабавен систем, како и Panoramic iDrive екранот кој ја зафаќа целата контролна табла по ширина. Сега откако го искусив овој дизајн во живо, навистина е интересно, ама пак фали по некое екстра копче за некои од контролите.

X5 ќе нуди и екран за совозачот за прв пат, како и тридимензионално амбиентално осветлување, Bowers and Wilkins озвучување, еден куп интересни материјали и бои како дел од BMW Individual програмата, и огромна лепеза на безбедносни системи, што сега вклучува и второ ниво полуавтономно возење со Symbiotic Drive, како и системи кои можат автоматски да ве исклучат и да ве приклучат на автопат. Секако, сето ова е поддржано од вештачка интелигенција.

Засега нема информации кога би пристигнал новиот X5 кај нас, но вака на прв поглед изгледа многу импресивно. Верувам и дека искуството зад воланот ќе биде одлично – X5 е сепак познат за таа работа.
НОВОНовиот знаменосец на Skoda доаѓа со седум седишта и до 640 км досег на струја

Renault Megane E-Tech има нова батерија, нов изглед, и нови технологии

Новата фабрика на MG се отвора во Шпанија во 2028!