Знам дека официјалниот слоган на Korrmotive е „За сѐ на четири тркала,“ но оваа новост се однесува на возила со две тркала, и тоа еден од најпознатите брендови за таков тип на возила.

На покана од Dynamix, официјалниот дистрибутер на BMW Motorrad за Македонија, Korrmotive присуствуваше во продажниот салон на една мала забава по повод затворање на сезоната 2025. Речиси сите модели во понудата на BMW Motorrad беа изложени и надвор и внатре, и за време на забавата имаше специјални попусти за одредени модели, за сите заинтересирани во BMW на две тркала.

Со музика нѐ снабди Breakdown Бенд, a имаше и одлична храна, и целиот објект светеше во боите на BMW Racing – добропознатите сина, виолетова и црвена. Сезоната 2026 ќе биде деби на подобрена генерација на BMW мотоцикли, и токму тоа го изјавија и од Dynamix:
„BMW Motorrad е повеќе од бренд – тоа е начин на живот. Со оваа вечер ја заокружуваме успешната сезона и со нетрпение ги очекуваме новите модели што доаѓаат следната година,“
Од мене толку, подолу може да погледнете по некоја фотка од настанот, а јас во меѓувреме ќе размислувам за возачка дозвола за мотор, и да си набавам некој R 18 или пак RnineT :)








