Очигледно Audi Q7 не беше доволно голем, бидејќи Audi спрема уште поголем SUV кој ќе стои на врвот на понудата. Сме ги виделе маскираните прототипови како ги тестираат низ Европа, а сега Audi се спрема и да ни го покаже серискиот модел, почнувајќи од ентериерот.
Ајде да видиме што нѐ очекува.

Audi објави фотографии од маскиран прототип на Q9 каде што фокусот беше ставен на ентериерот. Секако, ентериерот воопшто не беше маскиран, па таман да видиме што можеме да очекуваме. Инаку, Q9 ќе биде конкурент на најголемите премиум SUV модели на пазарот моментално, значи BMW X7 и Mercedes-Benz GLS.
Одма гледаме дека ентериерот ќе следи слична формула како и другите нови модели на Audi. Неоддамна видовме и сличен дизајн кај освежениот Q4 e-tron, ама тука има неколку нови интересни моменти.

Технологијата си е стандардна како за едно ново Audi; достапен е и екран за совозачот напред. Конкретно е ставен фокус на ултра-луксузните моменти. Вратите ќе може да се отвараат електронски, т.е со притискање на едно од неколку различни копчиња (кои не мора нужно да се на возилото), вратите се отвораат и затвораат автоматски.

Понатаму, уште нешто што е многу модерно и соодветно за огромен SUV знаменосец; Q9 ќе биде достапен со конфигурација со шест седишта, на три реда по две. Две напред, секако, две директорски (или капетански, како што се викаат официјално) во средниот ред со сопствени наслони за раце и којзнае уште што друго, како и две на третиот ред.

Панорамскиот покрив, освен што има амбиентално осветлување кое одговара со бојата што се ја одбрале за остатокот, од проѕирен ќе може да стане проѕирен. Всушност, поделено е на неколку сегменти, но ќе може и целиот да биде, а од Audi тврдат дека со оглед на тоа што може да блокира дури 99.5% од ултравиолетовото зрачење, нема потреба од традиционална мрежа. Ќе биде достапно и Bang & Olufsen озвучување со 4D звук и интерактивно осветлување кое ќе се прилагодува на албум корицата на песната која ја слушате, како и за ритамот. Речничка дефиниција за „Пази го ова сеа.“

Други детали сѐуште немаме, освен дека овој дизајн на тркала очигледно многу им се допаѓа на Audi, бидејќи е достапен во речиси секој модел кој го имаат во понудата, а сега тоа го вклучува и Q9. Ќе дознаеме повеќе летово кога Audi планира да го претстави моделот во целост.