Сте слушнале за Cyan Racing? Тоа е одделот на Geely Group задолжен за мотоспорт и тркачки автомобили, и исто тимот позади фантастичната реставрација на Volvo P1800. До пред некое време, Cyan Racing се натпреваруваше во TCR Touring Car шампионатот со Lynk & Co 03, но од идната година ќе имаат ново возило. Ајде да видиме.

Lynk & Co 03 TCR кој беше конструиран од Cyan Racing ќе се пензионира до крајот на годинава, а на негово место ќе дојде TCR верзија на седанот Geely Preface. Веќе имаме и една фотографија од возилото, и јасно е дека се работи за сериозен тркач. Centerlock тркала, проширени крила, голем спојлер позади, сите нишани.

Како потсетување, регулативите на TCR класата бара тркачот да биде базиран на сериски модел, а дозволен е капацитет на мотор од 1.75 до 2.0. Максималната моќност е 355 коњи и 420 Nm вртежен момент, и генерално се препорачува користење на стандардните компоненти, со по некои отстапувања за засилени компоненти кои можат да го поднесат стресот на возење десетици кругови на патека.

Засега нема дополнителни информации за што се има одлучено Cyan Racing за тркачкиот Preface, освен тоа што ќе користи 2.0 мотор развиен во соработка со Volvo, а претпоставувам дека ќе го користи DCT менувач, можеби со некое мало појачување. Geely Preface ќе се придружи на остатокот од TCR тркачи како Seat Leon, Golf GTI, Audi RS3 и Honda Civic Type R во 2026 година.