Changan се придружи на портфолиото на Еуроимпекс
Компанијата Еуроимпекс постои веќе 36 години, и поголемиот дел од тие години се во автомобилскиот бизнис. Веќе знаеме дека се официјални дистрибутери на Peugeot и Opel, но сега трет автомобилски бренд се придружува на портфолиото – кинескиот Changan.
Korrmotive присуствуваше на свеченото потпишување на договорот, изнесено од страна извршните директори на Еуроимпекс и Crossroads Adria – Зоран Серафимовски и Дејан Ступар. Crossroads Adria е дистрибутер за брендот Changan за неколку земји од регионот, меѓу кои Босна и Херцеговина, Србија и Албанија.
Соработката се оддржа во Pop-up уметничката галерија во Сити Мол, а по свеченото потпишување ја имавме првата средба со еден од петте модели со кои Changan влегува кај нас – целосно електричниот Deepal S05.
Првите впечатоци се навистина добри. Дизајнот е многу интересен и наметлив, со уникатни детали и некои неочекувани и неочекувано добри моменти. Deepal S05 и S07 се целосно електрични, а останатите модели – CS35, CS55 и UNI-T – доаѓаат со класични бензински мотори првично.
Воедно, добивме и информација дека новиот објект на Еуроимпекс е во завршната фаза на изработка, така да, и тоа ќе биде нешто интересно за многу скоро време. Секогаш е добра вест кога имаме нов бренд на нашиот пазар, и според информациите кои ги дознавме од претставништвото од Crossroads, а богами и со самиот Deepal S05, на Changan му се пишува добро на нашиов пазар.
Од мене толку, погледнете ги фотките од настанот под овој текст, и останете со Korrmotive; штом ќе станат достапни за тест, Korrmotive ќе биде на терен. Исто така, кој го интересира, кликнете на синиве букви за да ја посетите официјалната страна на Changan Македонија (се отвора во нов таб).
Слика 1 од 11



