top of page
  • Writer's pictureМарко Соколовски

Volkswagen привршуваат со тестирање на новиот Passat


Иако Volkswagen не се откажуваат од инвестициите и плановите за електрификација, може да се каже дека не се откажуваат и од своите легендарни модели. Новата генерација на Passat, која ќе дебитира во август оваа година (2023), е при крај со тестирањето.


Volkswagen Passat Variant 1
Volkswagen

Најочигледниот новитет кај новата, деветта генерација на Passat е каросеријата. За прв пат во историјата на моделот, Passat ќе се нуди исклучиво во Variant караван изведба.


Ова не е ни толку изненадувачки, бидејќи во Централна Европа караван изведбите на речиси сите германски лимузини се бестселери. Доколку сте поминале барем малку време на mobile.de, знаете на што мислам. Со популарноста на SUV и кросовер модели, не би ме чудело доколку се појави Alltrack изведба во иднина.


Volkswagen Passat Variant 2
Volkswagen

Новиот Passat Variant ќе биде поставен на MQB Evo платформата, која што ќе ја дели со новиот Skoda Superb. Passat Variant ќе биде многу поголем од тековната генерација; должината расте за 14 центиметри, што значи 690 литри, односно 1,920 литри багажен простор, како и повеќе простор за нозете на задната клупа.


Volkswagen Passat Variant 3
Volkswagen

Најверојатно е дека ова ќе биде последната генерација на Passat што ќе се нуди со мотори на внатрешно согорување, пред ID.7, или можеби друг седан модел да го заземе местото во гамата.


Кога сме веќе кај темата, Passat Variant ќе се нуди со бензински, дизелски и плаг-ин хибридни агрегати. Плаг-ин хибридните агрегати ветуваат опсег на струја од 100 километри или повеќе, а ќе се нудат и лајт хибридни бензински агрегати.


Volkswagen Passat Variant 4
Volkswagen

Volkswagen исто напорно работеле на адаптивната контрола на шасијата, и ќе бидат достапни амортизери со двоен вентил, и на возачот ќе му биде овозможена поголема контрола врз однесувањето на возилото.


Комфорот е сепак на прво место, како и со контролата на шасијата, така и новите ergoActive седишта. Исто така, ќе се нуди најновата генерација IQ.LIGHT осветлување со дури 500 метри домет!


Volkswagen Passat Variant 6
Volkswagen

Ентериерот на новиот Passat е сосема нов, сличен на оној што ќе го видиме и на новиот Tiguan. Огромен инфозабавен систем во средината, релокација на менувачот зад воланот, и сосема нова дигитална инструмент табла.


Иако Volkswagen ветуваат промени во ергономијата на ентериерите и физички контроли за клима функциите, се чини дека новиот Passat нема да го фати тој бран.


Новиот Volkswagen Passat Variant ќе дебитира официјално кон крајот на месец август 2023 година. Производството ќе започне на почетокот на 2024 година.


Kommentare


bottom of page