top of page
  • Writer's pictureМарко Соколовски

Toyota го претстави најновиот Land Cruiser


Toyota Land Cruiser е едно од најславните имиња во сферата на SUV возила, и е првото нешто кое им текнува на многу луѓе кога ќе помислат на издржлив и способен теренец. Тековната генерација на Land Cruiser се нуди на европскиот пазар веќе скоро 15 години, и покрај тоа, остана солиден конкурент во SUV сегментот.


Сепак, дојде време за нешто ново. Toyota конечно ја претстави најновата, петта генерација на Land Cruiser!


Toyota Land Cruiser 1
Toyota

Добро изгледа, нели? Како што јасно се гледа, новиот Land Cruiser се сеќава на своите предци со својот ретро дизајн, и иако сме виделе многу ситуации каде што ретро дизајнот едноставно не функционира, навистина не можам да го кажам тоа за новиот Land Cruiser.


Toyota се толку посветени на овој нов изглед, што нудат сосема различен дизајн на предна маска на First Edition моделот, со кружни светлосни групи инспирирани од претходните генерации.


Toyota Land Cruiser 2
Toyota

Секако, новиот дизајн не е единствениот новитет кај новиот Land Cruiser. Се префрла на GA-F платформата, и понатаму шасијата и каросеријата се посебни. Toyota вели дека префрлувањето на оваа платформа било клучно за подобрување на теренските способности.


Ќе ја дели платформата со неколку модели од американскиот пазар како Sequoia и Tundra. Land Cruiser за прв пат ќе дојде со електрична серво асистенција за управување, како и систем за исклучување на стабилизаторите за подобри перформанси надвор од патот.


Toyota Land Cruiser 3
Toyota

Нешто прилично изненадувачко кај новиот Land Cruiser е агрегатот. Електрификацијата е сведена на минимум. Под поклопецот се наоѓа 2.8-литарски турбодизел агрегат со 204 коњски сили. Овој агрегат му овозможува на Land Cruiser да влече приколка до 3.5 тони, а од 2025 година ќе биде достапен истиот агрегат со 48V лајт-хибрид технологија.


Toyota Land Cruiser 4
Toyota

Безбедносните системи исто така земаат голем приоритет кај новиот Land Cruiser, и доаѓа стандардно со Toyota Safety Sense. Освен тоа, новиот Multi Terrain Select систем ќе ви овозможи да одберете еден од повеќе режими на возење, во зависност од тоа на каков терен се наоѓате.


Multi-Terrain Monitor, во меѓувреме, користи неколку камери поставени околу возилото за да ви го покаже теренот кој ве опкружува и е под вас во даден момент.


Toyota Land Cruiser 6
Toyota

Ретро-модернизмот продолжува во внатрешноста. Ретро дизајнот и коцкастите површини се познава од сите агли, но е сосема добро спарено со модерна технологија, како огромен инфозабавен екран и дигитални инструменти.


Бонус поени за сите детали од старата школа, како механичката палка за автоматскиот менувач и физичките контроли за клима уредот, а да не зборуваме за испишаниот збор TOYOTA на управувачот кој го зема местото на логото.


Toyota Land Cruiser 7
Toyota

Новата генерација Toyota Land Cruiser ќе пристигне на европскиот пазар во 2024 година. Во моментов нема информации околу цените. Со сигурност можам да кажам дека едвај чекам да седнам зад воланот!






Comments


bottom of page