top of page
  • Writer's pictureМарко Соколовски

Toyota ветуваат дека нивните електрични модели ќе бидат забавни


Една поплака која ја слушаме речиси цело време за електричните автомобили е дека „немаат душа.“ Нивните возачки карактеристики и нивниот недостаток на звук од мотор на внатрешно согорување, според љубителите, се недостаток на електричните возила. На неодамнешна прес конференција, Toyota афирмира дека нивните електрични модели ќе бидат и понатаму забавни за возење, и дека се посветени на „електрични автомобили од автомобилски бренд.“


Toyota bZ4X 1
Toyota

Toyota неоддамнаа ги претставија плановите за цврсти батерии, кои имаат бројни бенефити во однос на литиум-јонските и литиум-полимерските кои сѐ уште масовно се користат во индустријата. Исто така, разговараа за следната генерација на горивните ќелии, и попатно ветија дека нивните идни електрични модели ќе бидат забавни за возење.


Toyota bZ4X 2
Toyota

На брифингот во април 2023, каде што и започна работилницата за „електрични автомобили од автомобилски бренд“, извршниот директор Хироки Накаџима потврди дека во 2026 година Toyota ќе ги претстави електричните автомобили од следната генерација.


Со самото спомнување на автомобилски бренд, тие ќе се разликуваат од електрични автомобили од разноразни startup компании и производители на батерии.


Најголемата разлика ќе биде во искуството зад воланот. Како што вели Накаџима, „...сметам дека вредноста на автомобилите се менува од ден во ден, но и покрај тоа што се менуваат начините на кои луѓето користат автомобили, одењето да се повозиме сѐ уште возбудува и ни става насмевка на лицето.“


Toyota bZ4X 3
Toyota

Заедно со оваа работилница, Toyota покажа што се нивните планови за следната генерација на електрични автомобили. Еден од нив е електричен автомобил со мануелен менувач. Секако, не е вистински мануелен менувач, но со развиен систем за контрола на електромоторот, автомобилот го симулира мануелниот менувач целосно, од притискање на куплунгот до движењето на вртежите.


На настанот исто така беше присутен прототип кој може да ги менува своите динамички способности да наликуваат на било кој модел од портфолиото на Toyota, дали тоа било компактен модел како Yaris, или пак легендарниот Lexus LFA. Способностите можете да ги промените со само едно ажурирање на софтверот. Toyota исто така работи на компактна верзија на својот електричен погон, со технологии позајмени од хибридни возила.


Lexus RZ 1
Lexus

Toyota имаат сериозен потенцијал да решат еден од најголемите недостатоци кои луѓето го истакнуваат кај електричните автомобили. Останува да се види што ќе видиме од портфолиото на Toyota и Lexus во 2026 година и понатаму.


Comments


bottom of page