Toyota размислува за мал пикап базиран на Corolla
- Марко Соколовски
- Aug 4, 2023
- 2 min read
Пикап возилата добиваат сосем различен третман во Европа и во Северна Америка. Во последно време, освен тоа што пикапите веќе долго време заменуваат автомобили во САД и Канада, со појавувањето на новите компактни пикап модели како Ford Maverick и Hyundai Santa Cruz, пикап возилата сега можат да бидат тренди и модерни.
Двата горенаведени компактни пикапи се многу успешни на американскиот пазар, особено Maverick. Сега, можно е тој сегмент да добие трет конкурент, бидејќи Toyota размислуваат дали да влезат во рингот со компактен пикап базиран на Corolla.

Од сигурни извори на порталот Automotive News пристигнува информација дека Toyota размислува дали да го прошири семејството Corolla со пикап модел. Corolla семејството на глобалниот пазар ги брои Corolla Hatchback, Sedan, Touring Sports и Cross.
Изворот тврди дека доколку Toyota се реши на ваков проект, нема да се појави на пазарот порано од 2027 година. Тоа значи дека најверојатно нема да биде базиран на тековната генерација на Corolla. Според истиот извештај, следната генерација на Corolla ќе се појави во 2025 година.

Засега не е ништо сигурно, освен тоа дека овој мал пикап ќе биде базиран на истата унифицирана конструкција (unibody) како Corolla, наместо засебна како Hilux. Кога сме кај Hilux, овој модел би земал место под Hilux во гамата.
Доколку Toyota го одобри проектот за мал пикап, составувањето најверојатно ќе биде во фабриката во Мисисипи во САД. Засега нема информации дали овој модел ќе се нуди на европскиот пазар, бидејќи двата главни конкуренти сѐ уште не се нудат во Европа.

Мал, градски пикап модел дефинитивно би била интересна принова за семејството Corolla. Останува да се види дали Toyota ќе реши да го стави моделот во сериско производство. Во меѓувреме, можеме да се радуваме на новиот Land Cruiser.