top of page
  • Writer's pictureМарко Соколовски

Македонска премиера на новата Toyota C-HR


Toyota C-HR е еден од најмалите кросовер модели на јапонскиот бренд, кој го направи своето деби во 2016 година. Оттогаш, Toyota успеа да продаде преку 800,000 примероци на европскиот пазар.


Со успесите што ги постигна првата генерација, логично е дека сите имаат големи очекувања од втората генерација. Од тоа што го видов, тие очекувања ќе бидат надминати.


Втората генерација на Toyota C-HR официјално дебитираше на македонскиот пазар


Toyota C-HR 1
Korrmotive

Јасно е дека има значителни промени во новата генерација на C-HR, од дизајн, до технологија, како и разновидни иновации. Под каросеријата, C-HR е поставен на GA-C платформата на Toyota, која ги формира темелите за новиот Prius.


Однадвор, иако е заддржана генералната форма на C-HR која веќе ни е познато, ги забележуваме новите дизајнерски елементи како новата предница и новите светла на две нивоа, со уникатната форма на дневни светла.



Toyota C-HR 2
Korrmotive

Задниот дел воведува трендовски light bar, кој воедно го соддржи и името на брендот и моделот. Веќе ја забележавте и двотонската каросерија, која ја обојува задната третина на возилото во црна боја, и е опционална опрема. Црвениот GR Sport и жолтиот Premiere Edition ја имаа оваа опција.



Петта генерација на хибриден систем за новиот C-HR


Toyota C-HR 3
Korrmotive

Придружувајќи им се на останатите хибриди во гамата на Toyota, C-HR ја користи најновата, петта генерација на хибридни погони. Достапни се или 1.8-литарски или 2.0-литарски хибрид бензинец, помалиот има вкупен износ од 140 коњски сили, додека поголемиот го качува тоа на 197 коњски сили.


Toyota C-HR 3
Korrmotive


PHEV изведбата испорачува дури 223 коњски сили, како и 61.8 километри опсег на струја според WLTP. Само посилниот самополнечки хибрид со 197 коњски е достапен со погон на сите четири тркала, останатите ги движат само предните преку е-CVT безстепен автоматски менувач.



Toyota C-HR 5
Korrmotive

Ентериерот е исто така значително освежен, со сосема нов распоред, подобрени материјали и површени кои сега имаат значителна количина рециклирани материи во составот, како и многу нови технологии.


Зад воланот конечно имаме целосно дигитална инструмент табла, а тука е и најновиот инфозабавен систем на Toyota, достапен во две екрански големини. И покрај тоа, Toyota ги заддржаа физичките контроли за клима уредот. Браво!


Toyota C-HR 7
Korrmotive

Пакети на опременост:


  • Cult

  • Club

  • Classy

  • Premier Edition

  • GR Sport


Комбинации на погонски системи


  • 1.8 Hybrid E-CVT 2WD - 140 к.с

  • 2.0 Hybrid E-CVT 2WD - 197 к.с

  • 2.0 Hybrid E-CVT AWD-i - 197 к.с

  • 2.0 Hybrid E-CVT 2WD (PHEV) - 223 к.с


Почетен модел: Cult 1.8 Hybrid 2WD -33.990


Toyota C-HR 7
Korrmotive

Новата Toyota C-HR можете да ја погледнете во Toyota Авто Центар во Скопје. Првите впечатоци беа многу добри!


Tест возење наскоро!



Comments


bottom of page