top of page
  • Writer's pictureМарко Соколовски

Renault Twingo се враќа како ретро електричен автомобил


Дали се сеќавате на првиот Renault Twingo? Компактниот градски автомобил на францускиот бренд за прв пат се појави во 1992 година, и изминативе години доживеа статус на легенда, особено првата генерација. Со симпатичниот дизајн и практичноста, првиот Twingo доживеа популарност дури и во западниот дел од светот.


За љубителите на првото Twingo, имам одлични вести за вас. Во следните неколку години, Renault ќе ја оживее првата генерација на Twingo како ретро-модерен електричен автомобил!


Twingo Legend е најава за најмалиот електричен модел на Renault

Renault Twingo 1
Renault

Како што се гледа на сликата, Twingo Legend концептот влече голема инспирација од првата генерација Twingo. Еден интересен детал е дека 1992 беше последната година кога Renault користеа лого многу слично на сегашното, што додава до ретро дизајнот повеќе.


Предните светла се со иста форма како на првото Twingo, а мојот омилен детал е дефинитивно отворот за воздух на поклопецот. На оригиналниот модел, тој отвор беше за да влегува свеж воздух во кабината, но тука покажува колку е наполнета батеријата. Многу добар приказ на внимание кон деталите. И покрај тоа што оригиналниот Twingo беше исклучиво со три врати, новиот ќе има пет.


Twingo ќе биде задолжение на Ampere дивизијата

Renault Twingo 2
Renault

Со најавата на новиот Twingo доаѓа и најава дека Ampere дивизијата на Renault Group ќе биде клучна во поголемиот дел од електричното портфолио на сите брендови под RG чадорот. Освен новото Twingo, дивизијата ќе биде задолжена и за новата електрична Nissan Micra, како и еден засега непознат модел на Mitsubishi.


Renault Twingo 3
Renault

Renault се надеваат на пристигнување на кинеските брендови во однос на брзина на реализација на проектот, од концепт до сериски модел. Тврдат дека сериската верзија на Twingo EV ќе пристигне на пазарот за две до три години, што значи крајот на 2025 или почетокот на 2026.


Новиот Twingo ќе биде позициониран под Renault 5 и Renault 4 во гамата, а и тие два добиваат електрични инкарнации како што веќе знаеме. Renault ветуваат висока ефикасност, 75% емисии на штетни гасови во текот на целиот живот на моделот во споредба со автомобил на бензин произведен во 2023 година, како и почетна цена од само 20,000 евра.


Renault Twingo 4
Renault

Ако ме прашувате мене, многу ми се допаѓа што сѐ повеќе и повеќе се појавуваат вакви електрични автомобили, наместо непрекинатата бригада од SUV модели. Twingo има огромен потенцијал да го раздрма пазарот кога ќе се појави серискиот модел. Ајде да видиме...

Comments


bottom of page