top of page
  • Writer's pictureМарко Соколовски

Porsche привршува со тестирање на новиот електричен Macan


2024 година одбележува 10 години од дебито на првата генерација на Macan, малиот SUV од легендарниот германски бренд Porsche. Како што стана јасно кратко по дебито, Macan стана еден од најуспешните модели на брендот, главно поради популарноста на SUV моделите на светските пазари општо, но и поради способностите на Macan да го преточи есенсот на Porsche во SUV пакет.


Веќе со години знаеме дека следната генерација на Macan ќе биде целосно електрична. Дебито е закажано подоцна во 2024 година, а Porsche штотуку ја се пофалија со ригорозната тест програма за новиот модел.


Новиот Macan ќе биде првиот Porsche модел поставен на PPE платформата


Porsche Macan 1
Porsche

За тие што не се во тек: втората генерација на Porsche Macan ќе биде вториот целосно електричен модел на Porsche после фантастичниот Taycan. Освен тоа, ќе биде првиот електричен модел на брендот поставен на сосема новата PPE, или Premium Platform Electric платформа.



Porsche Macan 2
Porsche

Porsche истакнуваат дека новиот Macan е сосема нов и направен од почеток, односно from scratch. Ригорозната тест програма за сите камуфлирани прототипи на Macan вклучувала преку три милиони километри возење на секакви терени, во секакви средини, и на сите можни температури и речиси сите природни појави со исклучок на оние кои би ја отвориле или преплавиле земјата.


Бројките кај Macan се многу возбудливи


Porsche Macan 3
Porsche

Кога велам бројки, се мисли на сите најважни параметри кај новиот Macan. За прв пат, Porsche откри повеќе информации за електричниот погон. PPE платформата користи архитектура од 800V, што значи многу побрзо полнење.


Macan EV ќе користи 95 kWh (нето, 100 kWh бруто) батериска кутија, која ќе може да се наполни од 10% до 80% за само 22 минути на соодветни полначи. Во меѓувреме, на посилните DC полначи Macan може да се полни и до 270 kW.


Porsche Macan 4
Porsche


Друг импресивен параметар е коефициентот за отпор кон воздухот. Од Porsche признаваат дека било вистински предизвик да се совпадне аеродинамиката со познатиот дизајнерски јазик на брендот. Но сепак, инженерите од Porsche успеале да го доведад коефициентот на отпор до само 0.25.


Porsche Macan 5
Porsche

Како споредба, Taycan има коефициент од 0.22, додека пак кај 911 моделите коефициентот се движи во регионот на 0.30.


Што се однесува до силината на електричниот погон, најновата генерација на PSM мотори овозможуваат моќност до 450 kW, односно 611 коњски сили, и дури 1,000 Nm вртежен момент, а сето тоа секогаш ќе биде под контрола поради погонот на сите четири тркала и системот за дистрибуција на вртежен момент. Porsche ветуваат и добри способности и надвор од асфалтот.


Porsche Macan 6
Porsche

Новиот Porsche Macan веќе се чини како многу силен конкурент во светот на електрични SUV модели. Од времето на објавување, сѐ уште не се знае кога точно ќе дебитира новиот електричен модел на германскиот бренд, но знаеме за сигурно дека ќе биде во текот на 2024 година.


Во меѓувреме, прочитајте ја репортажата за Porsche Driving Experience 2023.



Comments


bottom of page