top of page
  • Writer's pictureМарко Соколовски

Peugeot го претстави E-5008

Минатата година, Peugeot започна уште една ренесанса со најновата генерација на 3008 и Е-3008, првите модели на брендот поставени на STLA Medium платформата.


Третата генерација на 3008 доби радикално нова coupe каросерија, контраст од втората генерација која беше во облик на класичен SUV. За сите оние кои разгледуваат SUV во класична форма, Peugeot сега има одговор и за тоа.



Ова е новиот Peugeot E-5008


Peugeot E-5008 1
Peugeot

Како што претпоставував, E-5008 има многу сличности на надворешноста со Е-3008. Најголемата разлика е кровната линија, што во Е-5008 е класична исправена, во споредба со наклонета coupe линија.


Ова значи, меѓу другото, дека Е-5008 е посоодветен за семејните купувачи, особено со оглед на тоа дека е достапен со седум седишта. Тоа го прави еден од малкуте SUV модели моментално со таква опција.



Peugeot E-5008 2
Peugeot

Peugeot E-5008 е вториот модел на брендот поставен на STLA Medium платформата, која ја дели со Е-3008. Достапни се неколку електрични и хибридни изведби.


Стандардната електрична верзија има 210 коњски сили, long range верзијата со поголем опсег има 230 коњски сили, а има и верзија со два електромотори за погон на сите четири тркала и 320 коњски сили.


Во меѓувреме, едниот хибриден агрегат испорачува 136 коњски сили, додека посилниот плаг-ин хибрид има 195 коњски сили. Максималниот опсег, според Peugeot, ќе биде од 500 до 660 километри, но од времето на објавување официјалните бројки од WLTP сѐуште не се достапни.



Peugeot E-3008 3
Peugeot

STLA Medium платформата е дизајнирана првенствено за да ги смести компонентите на електричен автомобил, и Peugeot ветуваат првокласна ефикасност и опсег на струја, како и врвни перформанси и врвно полнење. 10% до 80% за, можеби веќе погодивте, околу 30 минути. 100 километри опсег можете да додадете за само 10 минути на соодветен полнач.


Peugeot E-5008 4
Peugeot

Ентериерот исто така трпи огромни промени. Како и Е-3008, Е-5008 го добива најновиот i-Cockpit, исто така познат под името Panoramic i-Cockpit. Достапен е 21-инчен екран поставен на најгорниот дел на контролната табла кој ги спојува инструментите со инфозабавниот систем во еден контиуниран панел.


Во средината ги имаме познатите i-Toggles, кои можете сами да ги конфигурирате со shortcuts кои ви се најважни за брз пристап. Тука имаме и нов волан, нови поквалитетни материјали, и генерално уште подобра атмосфера.


Peugeot E-5008 5
Peugeot

Инфозабавниот систем нуди развиени системи за планирање рути според тоа каде има полначи, и освен што овозможува интеракција преку OK Peugeot говорната команда, има и вграден ChatGPT.


Присутни се и многу рециклирани материјали, со рециклирана пластика, железо и алуминиум.


Peugeot ветува дека пристапот до третиот ред седишта е лесен, и секој патник во Е-5008 е осигуран со комфорт услуги, особено тие на вториот ред, со достапни греени седишта, приклучоци за полначи, како и посебна контрола на температура. Багажникот, во меѓувреме, нуди 259 литри простор со сите седишта горе, 748 литри со третиот ред преклопен и 1.815 литри со вториот и третиот ред преклопени.



Peugeot E-5008 6
Peugeot

Новото Peugeot E-5008 и сите негови компоненти вклучувајќи ги и батериите ќе се произведуваат во Франција. Продажбата ќе започне наесен во 2024 година. Засега нема информации околу цените.

Comentários


bottom of page