top of page
  • Writer's pictureМарко Соколовски

Opel го претстави Experimental концептот



Германскиот бренд Opel работи со полна пареа кон електрификацијата, и наскоро ќе ја видиме новата генерација на електрични Opel модели. Иако сѐ уште не знаеме многу детали, сега можеме да видиме во кој правец ќе се движи дизајнерскиот јазик на Opel преку новиот Experimental концепт автомобил.


Opel Experimental 1
Opel

Experimental концептот јасно ја претставува визијата на Opel за идните електрични модели. Освен новата интерпретација на предниот Vizor, кој сме го виделе на најновите Opel модели како Corsa, острите геометриски форми се исто така во центарот на вниманието.


Дизајнот е дефинитивно впечатлив, и многу ме интересира како би се превел на модел во сериско производство. Еден навистина интересен детал за дизајнот е недостатокот на хром: на негово место доаѓаат нежно осветлени површини.


Освен тоа, еден од главните фокуси на дизајнот е аеродинамичката ефикасност. Целата каросерија на Experimental е дизајнирана за максимална ефикасност, а има и активни аеродинамички компоненти на предницата, и дури и во тркалата!


Opel Experimental 2
Opel

Како што би очекувале, Experimental е целосно електричен, и е базиран на најновата генерација на електричната платформа на Stellantis, со погон на сите четири тркала.


Друг главен фокус на Experimental е проширување на идејата на Opel за дигитална детоксификација. Во внатрешноста има нова интерпретација на Pure Panel на Opel, наречен Pure Pad.


Opel Experimental 3
Opel

Pure Pad е нов начин возачот да прима и да гледа информации, без да биде премногу нападно присуството на екрани и на технологија. Во средината на ентериерот има тенок Tech Bridge (технолошки мост), каде што возачот може да одбере неколку најважни информации кои сака да ги гледа во даден момент.


Се контролира преку говорни команди, и користи вештачка интелигенција за да го оптимизира технолошкиот дел од искуството зад воланот.


Opel Experimental 4
Opel

Experimental концептот и понатаму ги носи трите столбови на брендот Opel: детоксификација, модерно германско, и зелена иновација (Greenovation). Најавата за иднината на германскиот бренд ќе биде присутна на Саемот за автомобили во Минхен во септември 2023 година.


Ако следните модели на Opel изгледаат вака, можам да кажам дека брендот е на добар пат.





コメント


bottom of page