top of page

Opel слави 125 години од првиот модел

  • Writer: Марко Соколовски
    Марко Соколовски
  • Jan 16, 2024
  • 2 min read


Во 1862 во Риселсхајм ам Маин, Германија, господинот Адам Опел основа фирма за производство на машини за шиење. Во 1886 година, фирмата почнува со производство на велосипеди, а во 1899 го изработува својот прв автомобил.


Премотуваме до 2024 година. Opel Automobile GmbH го слави својот 125ти роденден, и по тој повод, брендот ги исцрта сите големи и мали претстојни планови за оваа година. Ајде да видиме...


Opel Astra Sports Tourer Electric е последната еволуција на најдоброто од Риселсхајм


Opel 125 1
Opel

Првиот автомобил на Opel кој излезе од фабриката во Риселсхајм во 1899 година беше Opel Patentmotorwagen System Lutzman, кој се гледа на фотографијата лево. Од тогаш, повеќе од 75 милиони модели излегле од производните капацитети на Opel.


Тековната генерација на Astra и понатаму се произведува во Риселсхајм, во истата фабрика како првиот автомобил на брендот, само сега е многу пософистицирана и модерна. Astra Sports Tourer Electric е еден од пионерите во класата на компактни електрични караван возила.



Opel Astra Sports Tourer Electric 1
Opel

Со тоа што Opel всушност го воведоа терминот „караван“ во овој контекст, тоа воопшто и не треба да нѐ чуди.


Како потсетување, Astra Sports Tourer Electric го користи веќе познатиот рецепт за електричен автомобил на Stellantis, имено 54 kWh батериска кутија која придвижува предно поставен електромотор (а со тоа и предните тркала). Вкупниот износ е 156 коњски сили, и опсег до 413 километри според WLTP.


Opel не се откажува од електричната стратегија


Opel Astra Electric 1
Opel

Секако, активности се дефинитивно планирани за овој јубилеј, но главната активност на Opel е сепак цврсто држење до стратегијата за електрификација. Оваа година, сите модели на Opel ќе добијат електрична изведба, и брендот и понатаму се посветува на електрифицирани автомобили кои се забавни зад воланот и се лесни за користење во секојдневниот живот.


Opel Corsa Electric 4
Opel


Ние сме на почеток на нова ера исто како и Opel пред 125 години. Тогаш компанијата стана пионер со влегувањето во автомобилската индустрија. А, во денешно време, Opel е електричен пионер, кој нуди мобилност без емисии какошто е на пример новата Astra Sports Tourer Electric. Како и првиот автомобил на Opel, и овој автомобил доаѓа од Rüsselsheim. Ние сме горди на ова наследство и затоа Opel ќе ја слави годишнината од 125 години производство на автомобили, во знакот на електромобилноста.

-Флоријан Хуетл, извршен директор на Opel.

© 2024 Korrmotive. Сите права се заддржани.

  • White Facebook Icon
  • Instagram
bottom of page