top of page
  • Writer's pictureМарко Соколовски

НОВИТЕТ: Renault Rafale


Renault во моментов поминува низ една преродба во однос на дизајните. Новиот Austral и Espace се одлични примери за новиот, помодерен, пософистициран дизајнерски стил на Renault. Фамилијата на SUV модели на Renault штотуку доби уште една принова, а тоа е Rafale!


Renault Rafale 1
Renault

Како што гледаме, Renault по втор пат се придружува на масивно популарниот купе-SUV дизајнерски тренд. Во некој поглед, Rafale е поголемиот брат на Megane Conquest, односно Arkana.


Името и дизајнерската инспирација доаѓаат од авијацијата, а името конкретно доаѓа од авионот на фотографијата горе. Инаку, се чита „рафал.“


Renault Rafale 2
Renault

Што има да се знае за Rafale? Платформата и дел од механиката ја дели со Austral, а со тоа и поголемиот Espace. Меѓутоа, Rafale е поспортската изведба, со ветување дека ќе нуди поинволвирано возачко искуство. Исто така, ќе се нуди исклучиво со хибридни агрегати.


Renault Rafale 3
Renault

Основниот модел ќе биде сериски хибрид, со 1.2-литарски турбо трицилиндрец и електромотор со вкупен системски износ од 200 коњски сили.


Сепак, поинтересниот од двата агрегати кои ќе се нудат е E-Tech Hybrid 4x4, кој ќе нуди 300 коњски сили и погон на сите четири тркала, како и управување на сите четири тркала! На повисоки брзини, задните тркала вртат за неколку степени во истиот правец како предните, а на пониски брзини, задните тркала вртат до 5 степени во спротивниот правец, за полесно маневрирање.


Инаку, серискиот хибрид постојано функционира на најефикасниот начин што може, и Renault тврди дека 80% од возењето во градски услови може да биде на струја.


Renault Rafale 4
Renault


Иако Rafale ја дели платформата со Austral, дизајнерските детали се значително поразлични. Тоа се забележува на предните и задните светла, предната маска, како и името на моделот испишано ракописно.


Како што е случајот со дел од новите модели на Renault, Rafale исто ќе се нуди во поспортска esprit Alpine изведба, со соодветни надградувања на дизајнот.


Renault Rafale 5
Renault

Ентериерот е сличен како оној на Austral, што значи голем, вертикално поставен екран за инфозабавните содрржини, и голем екран на местото на инструмент таблата. Rafale ќе нуди и простран хед-ап дисплеј на шофершајбната.


Најинтересната иновација во ентериерот е Solarbay панорамскиот сончев кров, кој можете да го затемните и осветлите, во зависност од временските услови. Оваа технологија најчесто ја среќаваме во McLaren модели, но сега ја има и во значително попристапниот Rafale!


Што се однесува до скептицизмот околу практичноста на Rafale поради неговата форма, нема за што да се грижите, бидејќи багажниот простор изнесува огромни 647 литри.




Rafale ќе пристигне на европскиот пазар од почетокот на идната година (2024). Од времето на објавување, сѐ уште не се достапни информации околу цените.






Comments


bottom of page