top of page
  • Writer's pictureМарко Соколовски

НОВИТЕТ: Range Rover Sport SV


Тековната генерација Range Rover Sport e со нас од минатата година (2022). Подолго време знаеме дека Land Rover подготвуваат верзија со повисоки перформанси, иако регуларниот Sport има сосеми високи перформанси. Сега е време да дознаеме повеќе, бидејќи Land Rover неоддамна го претстави Range Rover Sport SV!



Range Rover Sport SV 1
Land Rover

Како што би претпоставиле, новиот Range Rover Sport SV, кој е труд на Land Rover Special Vehicle Operations (SVO), е замена за Sport SVR. Промените се малку повеќе од само нов дизајн. За почеток, знаеме дека новиот Sport ја користи MLA-Flex платформата исто како поголемиот Range Rover. Промените кај SV се значителни и големи.



Land Rover


Една од најголемите промени се надворешноста. Предниот дел е значително поагресивен и полезен за аеродинамиката, а истото важи и за страничните делови и задниот дел, каде има четири издуви за засилениот агрегат. Новата каросериска боја


Кога сме веќе на темата, под поклопецот има нов 4.4-литарски V8 со два турбо-полначи, кој испорачува огромни 635 коњски сили и 750 Nm вртежен момент, значителни подобрувања во споредба со 5.0-литарскиот V8 во претходниот SVR. Овој мотор е развиен во соработка со BMW, и иако е веќе достапен на P530 изведбата на Sport, навистина е нешто посебно во SV.


Range Rover Sport SV 3
Land Rover

Освен значително засилениот агрегат, Sport SV доаѓа и со грст промени во шасијата за подобри динамички способности. За прв пат на Range Rover, можете да одберете керамички сопирачки како опционална опрема, кои секако имаат жолти шепи. Достапни се и тркала направени од јаглеродни влакна, дефинитивно прв пат да видиме такво нешто во оваа класа.


Други динамички подобрување имаме кај задниот диференцијал, како и воздушната суспензија, со која што Sport SV е понизок за десетина до 20 милиметри од стандардниот Sport. Секако, погонот на сите четири тркала, како и управувањето со сите четири тркала доаѓа стандардно на SV.



Range Rover Sport SV 4
Land Rover

Во внатрешноста исто така има големи промени. Бронзените детали се дефинитинво забележливи, како и црвеното амбиентално осветлување, новите спортски седишта и нивната интригирачка Body and Soul технологија која што ја следи музиката и пулсира соодветно, а воедно помага во варјабилноста на пулсот на возачот. Секако, го гледаме и новиот распоред на дигиталната инструмент табла, кој најверојатно доаѓа во пакет со еден од шесте режими за возење.




Range Rover Sport SV 5
Land Rover


Инаку, 2024 година воведува грст промени за целата Range Rover Sport гама. Освен новиот SV, P510e плаг-ин хибридната изведба оди во историјата, а на нејзино место доаѓа P550e. Освен зголемената сила, P550e исто има зголемена автономија на електрична енергија до 121 километар. Исто така, целата Sport гама доаѓа со најновата верзија на Pivi Pro инфозабавниот систем, a P530 изведбата сега добива лајт-хибрид технологија.


Range Rover Sport SV 6
Land Rover

Range Rover Sport SV ќе биде достапен за нарачка за купувачите кои добиле покани од Land Rover, и сите Edition One модели за моделска година 2024 се веќе продадени. Воедно, Land Rover ветуваат дека проблемите со производството и со ланецот на снабдување се речиси решени, и долгото чекање за нарачки веќе нема да биде проблем. Од времето на објавување на оваа статија, не се достапни информации за цените.












Comentarios


Los comentarios se han desactivado.
bottom of page