top of page

НОВИТЕТ: Opel Corsa

  • Writer: Марко Соколовски
    Марко Соколовски
  • May 25, 2023
  • 2 min read

Opel Corsa постои на европскиот пазар повеќе од 40 години. Во тие 40 години, многу аспекти на автомобилската индустрија се променија, но Corsa остана бестселер и понатaму.


Иако Corsa генерациите за време на раководството на General Motors беа дискутабилни, тековната генерација Corsa го трансформираше Б-сегмент фаворитот во автомобил што би го купиле и со глава и со срце. Тековната Corsa е со нас од 2019 година, а сега, Opel подготви темелно освежување!


Opel Corsa 1
Opel

Новата Corsa има доста со што да се пофали. Тоа се гледа веднаш од надворешноста, која Opel ја доведува во линија со својата дизајнерска филозофија. На предницата го забележуваме Vizor, кој ги спојува светлосните групи во континуирана сјајна црна пластика. Секако, кога сме кај светлосните групи, Opel и понатаму ќе го нуди IntelliLux адаптивното осветлување кај Corsa, која воедно беше првиот автомобил во класата кој нуди таква опција.



Opel Corsa 2
Opel

Светлосните групи и предниот браник исто така имаат нови дизајни, и предниот браник помалку наликува на оној на Astra, што воопшто не е лошо. Задниот дел исто така добива нов дизајн на браник, нови задни светлосни групи, нов Opel знак, и Corsa е сега испишано на средината на петтата врата, како и останатите модели од гамата.



Opel Corsa 3
Opel

Многу важен новитет што се однесува до новата Corsa се погонските системи. Предводник е новата Corsa Electric, која се придружува на останатите електрични модели на Stellantis на оваа платформа што добија подобрени перформанси. 50 kWh батериската кутија сега станува 54 kWh, и силината на електромоторот се качува од 136 на 156 коњски сили.




Opel Corsa 4
Opel


Автономијата на струја исто така се качува на 402 километри според WLTP циклусот, а на брз полнач можете да ја наполните батеријата од 10% на 80% за околу половина час.


Освен подобрувањата на Corsa Electric, освежената Corsa дебитира два сосема нови лајт-хибрид агрегати со 48V технологија. Едниот од нив ќе доаѓа со 100 коњски сили, а другиот со 136 коњски сили, спарени со 6-степен автоматски менувач со двојна спојка.



Opel Corsa 5
Opel

Ентериерот на новата Corsa исто така има суптилни, но значајни промени. Дизајнот е претежно ист како досега, но екранот за инструмент таблата добива естетско освежување, а во средината е поставен најновиот инфозабавен систем на Opel, кој претходно за прв пат го видовме во новата Astra. Секако, тука е и нископрофилниот прекинувач за автоматската трансмисија.



Opel Corsa 6
Opel

И покрај тектонското движење во индустријата кон кросовер возила и електрификацијата, Opel Corsa и понатаму постигнува одлични бројки на пазарот, и верувам дека ова освежување ќе ја држи во форма!


Новата Opel Corsa ќе пристигне кон крајот на 2023 година. Засега не се достапни информации околу цените.









© 2024 Korrmotive. Сите права се заддржани.

  • White Facebook Icon
  • Instagram
bottom of page