top of page
  • Writer's pictureМарко Соколовски

НОВИТЕТ: Lexus LBX


Малите кросовери доминираат на пазарот како никогаш досега. Иако Lexus веќе има широк спектар на кросовер модели во својата понуда, за сите вкусови и во сите големини, семејството на Lexus кросовер и SUV модели од денес има нов член. Lexus штотуку го претстави малиот LBX!


Lexus LBX 1
Lexus

Можеби сега сте малку збунети. Како за почеток, невообичаено e Lexus во името на моделот да има три букви. За тоа има две причини; прво, LX името е зафатено од најголемиот модел на брендот, кој не се нуди на европскиот пазар. Второ, значењето на LBX e Lexus Breakthrough Crossover, односно Lexus продорен кросовер.


Lexus LBX 2
Lexus

Иако можеби изгледа така, LBX не е замена за UX, иако се слични по димензиите. LBX ќе зазема место под UX во гамата како најмалиот кросовер на Lexus. Како што можеби алудира страничниот профил, LBX е базиран на архитектурата на Yaris Cross, односно GA-B платформата, и користи сличен хибриден погон.


Секако, има значителни промени во дизајнот. Сите витални знаци на дизајнерскиот јазик на Lexus се присутни кај LBX, како што е најновото издание на вретеното на предната маска, споените задни светла, LEXUS испишано на петтата врата, и дизајните на тркалата. Разликата е што сѐ е во помало издание. Дизајнот е модерен, современ, и изгледа доста интересно и харизматично.



Lexus LBX 3
Lexus

Како и остатокот од Lexus гамата во Европа, LBX ќе биде достапен исклучиво со хибриден погон. Се работи за 1.5-литарски бензински три-цилиндрец и мал електромотор со вкупен износ од 136 коњски сили 185 Nm вртежен момент.


Lexus LBX 4
Lexus

Забрзувањето до 100 километри на час се случува за 9.2 секунди. Сѐ уште нема официјални податоци за потрошувачката, но можеме да претпоставиме дека ќе биде приближно до 4.4 литри до 5 литри на 100 километри, како што е WLTP бројката за Yaris Cross Hybrid.* Инаку, погонскиот систем ја користи најновата, петта генерација на хибридна технологија на Toyota и Lexus.


Lexus LBX 5
Lexus

LBX ќе се нуди со повеќе пакети на опременост, односно „атмосфери“, и тоа Elegant, Relax, Emotion и Cool. Секоја атмосфера доаѓа со свој изглед, и уникатни материјали во ентериерот. Основниот пакет на опременост, како што тврди Lexus, ќе нуди повеќе стандардна безбедносна опрема од конкуренцијата.


Lexus LBX 6
Lexus

Во внатрешноста доминира 9.8-инчен екран за инфозабавниот систем, кој е поставен вертикално. Позади воланот има 12.3-инчен екран кој ја заменува инструмент таблата. Секако, овој ентериер е полн со технологија, што вклучува систем за прочистување на воздухот, Apple CarPlay и Android Auto поврзување, дигитален клуч, и достапен Mark Levinson премиум систем за озвучување.


Багажникот ви нуди 332 литри простор, што е солидна бројка за класата. Дизајнот изгледа одлично, но минималистички, и дефинитивно ми се допаѓаат физичките контроли за клима уредот.



Lexus LBX 7
Lexus

Новиот Lexus LBX е дефинитивно храбар потег и современ начин да се прошири портфолиото на Lexus. Моделот ќе пристигне во европските салони на почетокот на 2024 година. Во моментов не се достапни информации околу цените.












Comments


bottom of page