top of page

НОВИТЕТ: Lexus GX

  • Writer: Марко Соколовски
    Марко Соколовски
  • Jun 18, 2023
  • 2 min read

Еден интересен податок за Toyota Land Cruiser е дека моделот што е познат на нашиот пазар, а и на остатокот од европскиот пазар како Land Cruiser е всушност Land Cruiser Prado.


Доколку не е доволно збунувачки, Land Cruiser, односно Land Cruiser Prado се нуди во Северна Америка исклучиво како Lexus модел, конкретно Lexus GX. Тековниот модел е стар повеќе од една деценија, и мнозинството се сложи едногласно дека е време за нов модел.


Неоддамна, Lexus официјално ја претстави најновата генерација на GX, и првите впечатоци се одлични!


Lexus GX 1
Lexus

Како што се познава веднаш, новиот GX воведува сосема нов, значително покоцкаст дизајн, и поголем фокус на теренските способности. Моделот на фотографијата го носи Overtrail нивото на опременост, кој вклучува широк спектар на додатоци и подобрувања за теренот. Lexus потврди дека допрва ќе пристигнат и други модели кои ќе ја носат ознаката Overtrail.


Lexus GX 2
Lexus

Новиот GX е поставен на TNGA-F платформата на Toyotа и Lexus, и ја дели со познати модели од странските пазари, како што е Lexus LX (односно J300 Land Cruiser), Sequoia и големиот Tundra пикап.


Новиот дизајн е навистина впечатлив, и можеби ова ќе звучи клише, но новата генерација на GX дефинитивно го покажува својот авантуристички дух повеќе, особено во Overtrail пакетот на опременост. Секако, и други пакети ќе бидат достапни.


Lexus GX 3
Lexus

Првиот модел што ќе пристигне на пазарот во САД и Канада е GX550, кој користи 3.4-литарски V6 бензинец со два турбополначи. Моторот испорачува 349 коњски сили и огромни 650 Nm вртежен момент. Подоцна ќе биде достапна и хибрид изведба, која најверојатно ќе ги дели компонентите со i-FORCE MAX изведбите на Tundra и Sequoia.


Lexus GX 4
Lexus

Иако V8 агрегатот на претходниот GX, за жал, оди во пензија, новиот V6 е помоќен, а подобар во однос на потрошувачката. Агрегатот на новиот GX550 му овозможува да влече приколка со максимална тежина од околу 4 тони, што е навистина импресивно!


Lexus GX 5
Lexus

Претходниот Lexus GX најмногу ја покажуваше својата возраст во внатрешноста. Со новиот модел, тоа се менува целосно. GX го воведува најновиот дизајнерски јазик на Lexus во ентериерот, со големиот инфозабавен систем во средината, и доминацијата на екранот за повеќето функции. Исклучок се двете тркалца за клима уредот, кои и онака се на екранот.


Инструмент таблата е сега дигитална. Една мала разлика во ентериерот е класичната рачка за автоматскиот менувач, во споредба со другите модели на Lexus, кои имаат електронска. Инаку, GX ќе се нуди со 7 седишта, и само дел од дополнителната опрема вклучува дигитален клуч, ладилник во централната конзола, и моќен Mark Levinson систем за озвучување.


Lexus GX 6
Lexus

Новиот Lexus GX ќе се појави во салоните ширум пазарот на Северна Америка во почетокот на 2024 година. За разлика од голем дел од моделите со кои ја дели платформата, GX ќе се произведува во Јапонија. Воедно, GX претставува што можеме да очекуваме од следниот Land Cruiser кој ќе се појави на европскиот пазар, и како што изгледа сега, очекувањата може да бидат големи.










© 2024 Korrmotive. Сите права се заддржани.

  • White Facebook Icon
  • Instagram
bottom of page