top of page
  • Writer's pictureМарко Соколовски

НОВИТЕТ: Caterham Project V Concept


Caterham е британски бренд кој, во главно, произведува лиценцирани верзии од Lotus Seven, автомобил инспириран од тркачки болиди кој се користи првенствено за track days на тркачки патеки.


Сега, брендот се подготвува да лансира нов, електричен напад на светот на спортски автомобили, како Porsche Cayman. Caterham штотуку го претстави Project V Concept!


Caterham Project V 1
Caterham

Добро изгледа, нели? Project V радикално се издвојува од другите модели на Caterham, првенствено затоа што има покрив и предно ветробранско стакло.


Шеги настрана, Project V изгледа одлично, особено на предницата и на страничните делови, со истакнати детали на крилата кои потсетуваат на болиди од пред речиси еден век. Предниот дел потсетува по малку на Porsche 911, додека во задниот дел гледаме инспирација од Bugatti EB110. Секако, Project V ги има и перформансите да го оправда својот изглед.


Caterham Project V 2
Caterham

Како што би очекувале, Caterham Project V е електричен. Користи еден електромотор поставен на задната оска со износ од 272 коњски сили, спарен со 55 kWh батериска кутија.


Caterham Project V 3
Caterham

Можеби тоа звучи како премногу малку коњски сили, со оглед на тоа дека електричните автомобили во старт имаат повисоки тежини, но тоа не е случајот со Project V: вкупната тежина е само 1,160 килограми! Секако, тоа е речиси двојно повеќе од познатиот Caterham Seven, но е одлична бројка за електричен автомобил.


Овие бројки значат забрзување до 100 км/ч за 4.5 секунди, и максимална брзина од 230 км/ч. Јасно е дека Caterham целат кон балансиран, забавен спортски автомобил, наместо огромна силина и ракетно забрзување.


Caterham исто така цели кон 400 километри опсег, и велат дека на 150 kW DC полнач, Project V може да се наполни од 20% до 80% за околу 15 минути.


Caterham Project V 5
Caterham

Caterham покажаа и фотографии од ентериерот, и тука има огромни разлики во однос на Seven. Повеќето верзии на Seven немаа ниту греење, но тука имаме и клима-уред, Apple CarPlay поврзување, и дигитални инструменти поставени во тркалести рамки, налик на аналогни инструменти.


Caterham Project V има голем потенцијал да влезе во сериско производство кон крајот на 2025, или можеби почетокот на 2026 година. Искрено се надевам дека тоа ќе се случи, бидејќи Project V има потенцијал да ги загрижи електричните Porsche Boxster и Cayman.


Comments


bottom of page