top of page
  • Writer's pictureМарко Соколовски

НОВИТЕТ: BMW Concept Touring Coupè


Многу сегменти во автомобилскиот свет повеќе не ги гледаме. Знаеме за седан моделите, како и караваните, и купе моделите со четири врати. Во минатиот век, автомобилските сегменти и типови беа многу побројни, а меѓу нив беше и шармантниот купе караван, односно shooting brake.


Иако денес индустријата е незаинтересирана за такви возила, BMW сепак креираше визија за модерен shooting brake, базиран на Z4. Резултат на тоа е феноменалниот Concept Touring Coupè!



BMW Concept Touring Coupe 1
BMW

Concept Touring Coupè не е првиот концепт на BMW базиран на Z4 архитектурата, но е првиот со ваков каросериски дизајн. За оние кои што се фанатици за караваните, како авторот, караван измешан со спортски автомобил е дефинитивно комбинација од соништата.


Според Домагој Дукец, директорот на дизајн на BMW, „Concept Touring Coupè го прославува оригиналното чисто возачко задоволство. Вака емоционално возило ја покажува дека страста кон она што чини возачко задоволство било клучно низ историјата, и ќе биде и за иднината.“


Што ако би се споиле 3 Series Touring и Z4?


BMW Concept Touring Coupe 2
BMW

Како што се гледа од фотографиите, поголемиот дел од екстериерот на Z4 е задржан. Најголемите промени се случуваат во кровот, кој освен тоа што повеќе не се отвара, е повисок и налик на караван, или можеби хечбек.


Секако, инспирацијата е многу јасна; ваков распоред имаше и познатиот Z3 Coupè на BMW, односно „чевлата“ како што го нарекуваат љубителите.


BMW Z3 Coupe 1
BMW

Z4 Coupè беше последен пат што BMW даде на шанса на овој тип на возило, а новиот Concept Touring Coupè е доказ дека shooting brake изведбите треба повторно да се вратат!



Дополнителни каросериски промени го прават Concept Touring Coupè уште повпечатлив

BMW Concept Touring Coupe 3
BMW

Освен shooting brake кровот, Concept Touring Coupè е видливо поразличен од вообичаениот Z4. Тука е сиво-кафената боја на каросерија, како и голем дел од украсните елемнти и фелните, кои се во златна боја. Можеби ќе речете дека фелните изгледаат премногу големо за возилото, но во овој случај, навистина го личат.


BMW Concept Touring Coupè 3
BMW

BMW не навлегоа премногу во деталите за погонот кој го придвижува овој концепт, но знаеме дека се работи за мотор со шест цилиндри под поклопецот, најверојатно трилитарскиот кој го придвижува регуларниот Z4. Внатрешноста нема премногу промени, освен обемна употреба на италијанска кожа на седиштата и на контролната табла, како и рачно изработените патни торби.



BMW Concept Touring Coupè е навистина големо освежување


BMW Concept Touring Coupe 5
BMW

Автомобил како што е BMW Concept Touring Coupè можеби никогаш повеќе нема да видиме во сериско производство. Но, во време на електрификација и кросовер модели од сите страни и агли, ваков специјален подарок, кој го прославува столбот на BMW за возачко задоволство е навистина освежувачки. Можеме само искрено да се надеваме дека BMW ќе го вклучи зеленото светло за производство на овој модел, дури и да е лимитирана серија.









Comments


Commenting has been turned off.
bottom of page