top of page
  • Writer's pictureМарко Соколовски

Каков е планот на Mazda за Wankel моторот?


Верувам дека многумина од вас знаете дека Mazda е позната по користењето на Wankel моторот. Некои од најпознатите спортски автомобили кои излегле од Јапонија се токму моделите на Mazda со Ванкел мотор, и многу од нив ја носеа ознаката RX.


Пред десетина години, Mazda го запре производството на возила со Ванкел мотор од проста причина што моторот повеќе не можеше да се вклопи со законите за емисии ширум светот.


Mazda RX-7 1
Mazda

Mazda RX-7 (FD3S)


Оттогаш, па сѐ до денес, фанови на Mazda RX моделите го молат јапонскиот бренд да произведе нов спортски автомобил кој ќе има Wankel мотор под поклопецот.


Сега се чини како да сме еден чекор поблиску до тоа, или барем до нови Mazda модели со Wankel мотори.


Mazda формираше екипа за развој на Wankel моторот


Mazda MX-30 1
Mazda

Долго време слушавме разноразни гласини дека Mazda ќе развие нов Wankel мотор кој ќе служи како генератор за електрични возила. Токму тоа се случи со новиот MX-30 R-EV. Но овој пат, имаме друго нешто.


RE Development Group, односно групата за развој на Wankel мотори во Mazda ја започна својата работа одново на 01.02.2024. Формиран е тим од 36 инженери кои ќе ја развиваат новата генерација на Wankel мотори кои допрва ќе ги видиме во моделите на Mazda.



Mazda MX-30 2
Mazda


Ичиро Хиросе, извршниот технички директор на Mazda, ветува дека новиот тим за развој на овој легендарен мотор ќе работи макотрпно за да го адаптира за новиот свет, а со тоа ќе се заддржи боречкиот дух на Mazda да нуди возила за сите видови клиенти и на патот кон карбон-неутрално општество.


Меѓу другото, тимот на инженери ќе продолжат да го развиваат моторот како генератор, и ќе тестираат што се случува при полнење на резервоарот со еколошки горива. Ова не е чудно, бидејќи Mazda е еден од неколкуте автомобилски брендови кои членуваат во Алијансата за електрогоирива (eFuel Alliance).



Mazda Iconic SP 1
Mazda

Дали ова значи дека сме еден чекор поблиску до сериска верзија на спектакуларниот Iconic SP концепт? Можеби. Mazda не искоментира ништо на темата, но сѐуште постои шансата да видиме некаква апликација на технологијата во Iconic SP и MX-30 R-EV во некој иден спортски автомобил на брендот, можеби како plug-in хибрид.


Mazda MX-30 3
Mazda

Освен повторното развивање на Wankel моторот, веќе знаеме дека Mazda не се откажува од дизел агрегатите, и иновативната SkyActiv-X технологија заедно со повеќестраниот пристап до декарбонизација покажува дека Mazda се подготвени да ги истражат сите опции, и ги поздравувам за тоа!



Comentários


bottom of page