top of page
  • Writer's pictureМарко Соколовски

KORRMOTIVE WEEKLY RECAP Април #1


Првата недела од месец април е полнa со интересни автомобилски новитети. Ајде да разгледаме што има ново во новиот Korrmotive Weekly Recap!



Темелен фејслифт за Renault Captur


Renault Captur 1
Renault

Renault подготви темелно освежување за најмалиот Captur. Ова е можеби еден од најрадикалните фејслифти што сме ги виделе во последниве неколку години.


Најмногу се истакнува новата предница, инспирирана од новиот Scenic E-Tech Electric. Сега во понудата се придружува и нов Esprit Alpine модел со уникатни детали и поспортски изглед, додека внатрешноста добива нови технологии, меѓу кои и OpenR Link инфозабавниот систем, како оној во Megane E-Tech Electric.


Изборот на погонски единици сега се состои од четири бензинци, два од нив со MHEV технологија, една изведба со бензин + плин, и еден самополнечки хибрид. Новиот Captur ќе пристигне на пазарот подоцна во 2024 година.



Range Rover Burford Edition - 10 примероци инспирирани од Котсволдс


Range Rover Burford 1
Land Rover

Land Rover знаат по нешто за лимитирани, ексклузивни изведби на своите модели, особено што се однесува на големиот Range Rover. Најновата лимитирана изведба е наречена Burford Edition.


Инспирацијата за оваа изведба е Котсволдс, ридеста област во југозападна Англија со прекрасни пејсажи. Aether Gray сивата каросерија е со сатенски финиш, значките се метални, а белиот ентериер нема никаква кожа, но сепак нуди максимален луксуз и удобност.


Сите 10 примероци од Burford Edition ќе бидат базирани на Range Rover LWB P615, што значи поголемо меѓуоскино растојание и битурбо V8 мотор со 615 коњски сили. Цената е 275.000 фунти, односно нешто повеќе од 320.000 евра, и сите примероци ќе бидат исклучиво за Обединетото Кралство.


Моделите на Dacia побезбедни, но не и поскапи


Dacia Sandero Stepway 1
Dacia

Ова лето ќе стапат на сила GSR II регулативите на ЕУ за безбедност во возилата, што бара сите нови возила кои се продаваат во регионот да доаѓаат стандардно со повеќе безбедносни системи.


За некои модели, овие регулативи (за жал) значеа брз прекин со продажбата. Dacia ова ќе го изигра како што треба: не само што сите модели во понудата ќе добијат нови безбедносни системи во склоп со регулативите, цените на моделите нема да се качат!


Сите модели на Dacia ќе дојдат со нови стандардни безбедносни системи, и тоа систем за предупредување при излез од лента, сензори за дожд, систем за заддржување во лента, систем за внимание кај возачот, како и развиен систем за итно кочење кој препознава и велосипедисти и пешаци.


Toyota Land Cruiser слета во Европа


Toyota Land Cruiser 1
Toyota

Досегашната генерација на Toyota Land Cruiser (кој всушност е Land Cruiser Prado) беше дел од европската понуда на Toyota од 2009 година. Сега конечно дојде време за новата, четврта генерација на добропознатиот теренец.


Новиот Land Cruiser конечно дебитираше во своето европско одело. Овој пат, Land Cruiser е базиран на истата GA-F архитектура како фаворитот на нафтената индустрија Land Cruiser 300. Во Европа на почетокот пристигнува со 2.8-литарски турбодизел, а MHEV изведба ќе се придружи понатака.


Четвртата генерација на Land Cruiser беше претставена и на Саемот за автомобили во Белград, така да голема е веројатноста дека ќе пристигне и на нашиот пазар наскоро.



Renault и Volvo ќе произведуваат комерцијални електрични возила


Renault Volvo Flexis Vans 1
Flexis

Со заеднички сили, Renault Group и Volvo Group ќе развиваат комерцијални електрични возила под името Flexis. Првиот модел ќе се појави во 2026 година, и ќе биде наменет за европски стандарди.


Идејата е модуларно комерцијално возило со мали димензии, но сепак доволно простор во внатрешноста за карго. Двете компании веќе комунцираат со експерти во транспортната индустрија за тоа како треба да изгледа комрецијално возило со максимално искористување на внатрешниот простор.



Comments


bottom of page