Нема да има наследник на Honda e, фоксуот оди на SUV модели
- Марко Соколовски
- Jul 26, 2023
- 1 min read
Харизматичниот електричен компакт на Honda го шармираше светот со својот ретро дизајн и одлични способности како електричен автомобил. За жал, од Јапонија ни доаѓа една малку тажна, но сепак очекувана вест: Заменик за Honda e нема да се појави, бидејќи брендот ќе се фокусира на SUV модели во Европа и во Обединетото Кралство.

Ребека Адамсон, директорката на автомобилскиот оддел на Honda за Велика Британија ја соопшти оваа вест за време на премиерата на e.Ny1 електричниот SUV во Норвешка.
Таа вели дека урбани електрични автомобили како што е Honda е нема да бидат дел од гамата на брендот во блиската иднина. Побарувачката на пазарот во Обединетото Кралство е концентриран на SUV возила, и на тоа ќе се фокусираат. Малите електрични модели ќе бидат дел од kei класата во Јапонија, и засега нема план да се појават на другите пазари.

Иако Honda e ќе си замине трајно после оваа генерација, Honda подготвува доста интересни модели за европскиот пазар. Освен електричниот e:NY1 и неговиот бензински пандан ZR-V (HR-V во САД и Канада), наскоро ќе се појави и Prologue, електричниот SUV базиран на Ultium платформата на General Motors.

Освен тоа, наскоро ќе пристигне и новата генерација на CR-V, и за љубителите, Civic Type R ќе го направи своето деби во европските салони наскоро. Иако е тажно дека харизматичниот е нема да добие заменик, да бидеме искрени и да си признаеме дека фокусот на SUV модели имаат потенцијал да ја зголемат релевантноста на Honda на европскиот пазар.