top of page
  • Writer's pictureМарко Соколовски

Ford Puma доби освежување за 2024 година


Пред неколку години, Ford го оживеа името Puma за својот најмал кросовер модел, сместен под Kuga во гамата. Puma со години беше еден од омилените кросовери на Европа. Сега, за 2024 година, дојде време Puma да добие значително освежување.


Ова е новата освежена Ford Puma


Ford Puma 1
Ford

Како што гледаме, промените на надворешноста се малку посуптилни. Во предните светла гледаме нов светлосен потпис, како и освежена предна маска со синиот овал поставен во средина, кој сам по себе сега има нов дизајн.


Новата Puma доаѓа и со редизајнирани тркала, кои се гледа дека влечат инспирација од оние на новиот електричен Explorer. Исклучиво пофалби за новата Cactus Grey боја!


Ford Puma 2
Ford

Задниот дел е релативно ист како претходно, со тоа што новата кај новата Puma недостасува истакнатиот издув. Сепак, најдрастичните промени, и навистина се драстични, ги забележуваме во ентериерот на Puma.



Ford Puma 3
Ford

Прво нешто што забележуваме е радикално нов распоред и дизајн на контролната табла, која сега го поместува инфозабавниот систем од горниот дел во средина, на лесен дофат на возачот. Екранот се качува на 12 инчи, и работи на најновиот SYNC 4 систем.


За жал, физичките контроли за клима уредот мораа да бидат жртвувани, но како што гледам од фотографијата, тие се секогаш на дофат на долниот дел од екранот. Пред возачот е поставен нов заострен управувач со само два краци, а зад него е 12.3-инчен дисплеј за инструментите. Единствено нешто што останува исто на ентериерот се чини дека е палката за автоматскиот менувач.



Ford Puma 4
Ford

Новиот SYNC4 систем доаѓа со нови технологии како вградена Amazon Alexa, како и безжични Apple CarPlay и Android Auto, Bang & Olufsen систем за озвучување со 10 звучници.


Безбедносните системи се исто така на ниво. Puma ќе се нови со нов адаптивен темпомат со stop & go и систем за центрирање во коловозна лента. За прв пат ќе се нудат matrix LED предни светла со систем за подесување врз основа на свиокот на кој се приближувате. Како што гледате од фотографијата горе, ќе се нуди и 360-степенски систем на камери за помош при паркирање.


Багажникот ќе нуди нешто наречено MegaBox, односно дополнителни 80 литри простор за вашиот багаж под тепихот во самиот багажник.


Ford Puma 6
Ford

Новата Puma ќе се нуди во Titanium, ST-Line и ST-Line X пакети на опременост, а во понудата се три различни изведби на наградениот 1.0-литарски EcoBoost трицилиндрец со лајт хибриден систем, кој испорачува 125 односно 155 коњски сили. Силата стигнува до предните тркала преку 6-степен мануелен или 7-степен Powershift автоматски менувач.



Ford Puma 6
Ford

Puma ST се враќа и со новиот фејслифт, сега наречена Puma ST Powershift. За жал, силината на моторот се намалува на 170 коњски сили, и може да се спари исклучиво со автоматскиот менувач, како што наведува името.


Подоцна оваа година, Ford ќе ја претстави и целосно електричната верзија наречена Puma Gen-E.





Comments


bottom of page