top of page
  • Writer's pictureМарко Соколовски

Ford подготви темелно освежување за Kuga



Kuga беше првиот кросовер SUV модел во европската понуда на Ford, и уште од своето деби во 2008 година, стана еден од бестселерите на брендот. Подоцна со One Ford стратегијата, Kuga се придружи и во америчката понуда како моделот Escape.


Минатата година, Escape моделот доби темелно освежување и модернизирање. Сега, Ford го подготви истото освежување и за Kuga.



Освежен дизајн, технологија и агрегати за новата Ford Kuga


Ford Kuga 1
Ford

Како што се гледа од фотографијата, најголемите промени во дизајнот ги гледаме во предницата. Новиот дизајнерски јазик на Ford вклучува нов дизајн на предна маска, и освен што има нова форма, го враќа синиот овал назад во средина, наместо над маската.


Kuga исто така е во тек со трендовите, така што предната маска вклопува и LED лента за целосен light bar кој започнува во предните светла.


Големи промени има и во браникот, како и во предните светлосни групи, а исто така и во дизајнот на тркалата.



Ford Kuga 2
Ford

Промените на задниот дел се посуптилни, со мали освежувања кај светлосните групи, како и натписот на петтата врата. Новата Kuga исто така го носи освежениот син овал на Ford.


Поголем фокус на хибридните погони кај Kuga


Ford Kuga 3
Ford

Да, тоа беше игра на зборови. Со новата Kuga, Ford посветија многу внимание на хибридните модели, и конвенционалниот и плаг-ин хибрдиот. Плаг-ин хибридот сега нуди опсег на струја до 69 километри според WLTP (сѐ на сѐ).


Доколку регуларен хибрид повеќе ви лежи, Kuga Hybrid ветува возење на струја до 64% од времето во градски услови, како и опсег од 900 километри со полн резервоар.



Ford Kuga 5
Ford

Дизел моторите, како што можеби би очекувале, повеќе не се во понудата. Гамата започнува од 1.5 Ecoboost моделот со 150 коњски сили, спарен исклучиво со мануелен менувач. Потоа доаѓа Hybrid со 2.5-литарски атмосферец и 180 или 183 коњски сили, во зависност од погонот, и на крај е плаг-ин хибридот со истиот атмосферски бензинец и дури 243 коњски сили.

Освен тоа, Ford ветуваат и максимален влечен капацитет од 2.100 kg.



Ford Kuga 6
Ford

Ентериерот не останува покусо од промени. Освен стандардните дигитални инструменти зад воланот, на контролната табла сега е поставен 13.2-инчен екран за SYNC 4 инфозабавниот систем, кој сега е поврзан со 5G.


Освен очекуваните безжични Apple CarPlay и Android Auto, Kuga сега доаѓа со вградена Amazon Alexa. Освен тоа, има и еден куп други новитети во однос на технологијата, како Trailer Connection Checklist, список кој ви укажува дали е сѐ во ред со поврзаната приколка, нов адаптивен темпомат кој може сам да го забави возилото пред свиоци. Ќе бидат достапни и доста други високо развиени системи за асистенција.



Ford Kuga 6
Ford

Новата Ford Kuga ќе ја започне продажбата овој месец (јануари 2024). Засега нема информации кога би пристигнала на македонскиот пазар, но дефинитивно ќе има запознавање на Korrmotive кога ќе пристигне.


Comments


bottom of page