top of page
  • Writer's pictureМарко Соколовски

Официјално започнува производството на Fiat Grande Panda во Крагујевац


Веќе подолго време знаеме дека новата генерација на електрични автомобили на Fiat ќе се произведуваат во фабриката FCA Србијa, односно Stellantis Србија во Крагујевац, која инаку досега беше задолжена за производството на Fiat 500L.


На 23 јули, официјално и свечено се отворија капацитетите на модернизираната фабрика на Stellantis во Крагујевац.


Со тоа официјално започнува производството на Fiat Grande Panda.




Секако, на свечениот настан присуствуваа и претседателот Александар Вучиќ, како и голем дел од медиумите. Претседателот ја изрази својата гордост и верба во овој храбар нов чекор, и имаше и шанса пробно да ја вози Grande Panda околу кампусот на фабриката.


Fiat цели да цената на Grande Panda биде околу 25.000 евра, но поради државните субвенции, во Србија ќе може да се купи за околу 18.000 евра.



Не можам да ви опишам колку сум среќен денес. Соновите се остваруваат. Ова е голем ден за Крагујевац, за Шумадија и за цела Србија. Очекувам дека овој модел на Fiat ќе биде многу успешен.

истакна Вучиќ во друга објава на Инстаграм.



Fiat Grande Panda 1
Fiat

Како потсетување, Fiat Grande Panda беше претставена неоддамна како нова, електрична изведба на познатиот модел. Под шармантната каросерија е новата STLA Smart платформа, која ќе биде подлогата и за другите мали, пристапни електрични и хибридни возила на Stellantis.


Да, Grande Panda е достапна во целосно електрична изведба, но тука е и верзија со лајт хибриден погон. Електричната изведба користи батериска кутија од 44 kWh и електромотор од 83 kW, односно 112 коњски сили поставен на предната оска.



Fiat Grande Panda 2
Fiat

Хибридната верзија го користи истиот погон како повеќето нови лајт хибриди од Stellantis: 1.2-литарски турбо бензинец со три цилиндри и мал електромотор со вкупен износ од 136 коњски сили, и 6-степен автоматски менувач со двојна спојка. Инаку, поради високата побарувачка, Grande Panda ќе се нуди заедно со тековната генерација на Panda, која беше реименувана во Pandina.


Треба да сме горди на соседите од Србија што го превземаа предизвикот за производството на овој многу важен модел за италијанскиот бренд, а воедно и ја обновија балканската автомобилска индустрија. Grande Panda наскоро ќе стигне на македонскиот пазар, и дефинитивно ќе биде интересно да се види.



Comments


bottom of page