top of page
  • Writer's pictureМарко Соколовски

Cadillac Escalade добива IQ електрична изведба


Иако не сме го виделе нешто многу на европскиот пазар, многумина од нас знаеме што е Cadillac Escalade. Ултра луксузниот, ултра големиот SUV, кој беше главна ѕвезда во сите рап и хип хоп спотови пред дваесетина години е дел од гамата на брендот од 1999 година.


Честопати се спомнува како моделот кој го спаси Cadillac од својата репутација за возила кои привлекуваат само повозрасни купувачи.


Од тогаш до денес многу работи се променети, и новиот целосно електричен Cadillac Escalade IQ совршено го отсликува тоа.


Cadillac Escalade IQ 1
Cadillac

Со оглед на тоа дека повеќето изведби на Escalade користат масивен V8 агрегат, ова беше сосема очекувано.


Escalade IQ е најголемиот електричен автомобил на Cadillac, и иако ја следи формата на својот пандан со мотор со внатрешно согорување, се гледа дека надворешноста е оптимизирана за аеродинамика и за футуристички дизајн.


Cadillac Escalade 2
Cadillac

Escalade IQ исто така ги превзема заштитните знаци на електричните модели на брендот, како осветлената предна маска, и вертикалните светлосни групи напред и позади. Задните светлосни групи се простираат вертикално речиси по целиот заден дел, што навистина изгледа добро.


Cadillac Escalade IQ 3
Cadillac

Што се случува под модернизираната каросерија? Escalade IQ е поставен на Ultium архитектурата на General Motors, и ја користи истоимената технологија за батерии, со 800V капацитет и можност за DC брзо полнење. Стандардно доаѓа со два електромотори, по еден за секоја оска.


Cadillac проценува дека Escalade IQ може да испорача максимум 750 коњски сили и преку 1,000 Nm вртежен момент, со забрзување до стотка за околу 5 секунди, а истовремено ќе може да влече приколка од преку 3.5 тони. Освен тоа, Cadillac тврди дека Escalade IQ ќе може да помине преку 700 километри со полна батерија. Претпоставувам дека ќе се работи за огромен kWh износ.


Cadillac Escalade IQ 4
Cadillac

Другиот главен столб на Escalade IQ е луксузот. Можеби најдобрата опција која ќе се нуди на моделот е електронско отворање и затворање на сите врати, кој воедно ќе ја отвора возачката врата автоматски штом клучот се приближи до возилото, што сигурен сум дека ќе ги занимава блиските на сопственикот. Вратата од приклучокот за полнач исто така ќе се отвара само со еден допир.


Cadillac Escalade IQ 5
Cadillac

Луксузот продолжува во внатрешноста. Освен премиум материјалите кои ги има на сите површини, централниот елемент на ентериерот кај Escalade IQ е непрекинатиот 55-инчен дисплеј кој се простира по целата ширина на контролната табла.


Инфозабавниот систем е поддржан од Snapdragon процесор, специјално развиен за автомобилски апликации. 5G поврзаност и речиси целата свита на Google услуги се вградени во системот.


Cadillac Escalade IQ 5
Cadillac

Патниците на задните седишта не остануваат покусо, со пакет кој вклучува два екрани поставени на задниот дел од предните седишта, HDMI приклучоци, преклопливи масички, и седишта со масажна функција. Додека сме кај седишта, Escalade IQ ќе се нуди со седум седишта, и третиот ред ќе може да се преклопи за повеќе багажен простор.


Ќе биде достапен и AKG Studio Reference систем за озвучување со 36 звучници за навистина да згрми ентериерот, како и одличниот Super Cruise систем за автоматско управување на возилото на мапирани патишта.


Cadillac Escalade IQ 7
Cadillac

Производството на Escalade IQ ќе започне во лето 2024 година во Factory ZERO производниот капацитет на GM во Мичиген, САД. Цената за овој луксуз навистина не е мала: Escalade IQ ќе започнува од $130,000, или скоро 118,000€.




コメント


bottom of page