Секоја година, жирито на AUTOBEST кое вклучува автомобилски новинари од цела Европа собира неколку многу посакувани автомобили, кои ги тестираат наизменично со цел да се одговори на прашањето: кој е најдобар?
Жирито ја додели титулата за најдобар автомобил за 2024 година на кинескиот електромобил BYD Dolphin
BYD, ако не сте знаеле, е кинески автомобилски бренд кој во последните неколку години ужива во огромен раст и одлична продажба, како и многу брзо проширување на сите глобални пазари, меѓу кои и европскиот.
Dolphin е еден од помалите модели на брендот, во класата на VW ID.3, MG 4 итн. Ова е еден од петте најпродавани електрични автомобили во светот, а според AUTOBEST, остварува одлични бројки и во Европа.
Ова е прв пат во историјата на AUTOBEST тестот кинески автомобил да го освои првото место за Best Buy (најдобра зделка) во Европа. Dolphin ја зема титулата со 20.057 поени, додека второто место го зема новата Hyundai Kona, а третото место го зема Jeep Avenger. Сѐ на сѐ, Dolphin зема 25.88% од вкупните гласови.
BYD и нивните модели се уште еден доказ дека предрасудите околу кинеските автомобили треба да ги отстраниме. Се надевам дека наскоро овој бренд ќе стигне во Македонија за да видиме што всушност ги прави толку добри. Честитки до BYD и Dolphin за освоената титула!
Во меѓувреме, кога веќе спомнавме кинески автомобили, прочитајте го тестот на Korrmotive за Chery FX!