top of page

Audi R8 изгледа сепак се враќа

  • Writer: Марко Соколовски
    Марко Соколовски
  • Mar 12
  • 2 min read

Уште оддамна слушнавме, и видовме преку концепт автомобил, дека Audi има друг план за суперавтомобил. Се поздравивме со R8 минатата година за последен пат, и малку беше во вис прашањето околу замената за овој модел.


Преку PB18 концептот, Audi ни покажа како отприлика би изгледал моделот што требаше да биде електрична замена за R8. Но сега, според гласини споделени од Autocar во Британија, плановите се менуваат.


Audi R8 се враќа како пандан на Lamborghini Temerario


Audi R8 (PB18) Concept 1

Audi


Не знам за вас, но според мене ова се многу многу добри вести. Врапчето од Германија кажува дека Audi има план да го оживее R8 во 2027 година како директен пандан, или ко што викам јас, братучед на новиот Lamborghini Temerario. 


Audi R8 (PB18) Concept 2

Audi


Тоа во превод би значело нов суперавтомобил со турбо V8 и плаг-ин хибриден систем со некои 900 коњи и redline на 10,000 вртежи во минута. Така оди погонскиот систем во Temerario, а тој модел сам по себе ветува луди перформанси. Помалку од три секунди до стотка и 338 км/ч.


Веќе озбилно се работи на третата генерација Audi R8


Audi R8 (PB18) Concept 3

Audi


Според Autocar, не е работава само идеи и концепти, туку веќе сериозно се работи на проектот и, како што кажав погоре, се очекува да се појави во сериска изведба во 2027. Audi исто има сериозни планови да се врати во шампионати како Le Mans, и ќе има добра можност да го внесе новиот R8 во таа игра, а воедно и да го зголеми престижот од ново.


Audi R8 (PB18) Concept 4

Audi


Засега не се познати други информации, освен тоа дека веројатно ќе се склопува во Булингер Хуфе во Германија, каде што биле склопувани и претходните генерации на R8. Autocar додава дека одлуката сепак да се оживее R8 со хибриден погон наместо со целосно електричен потекнува од одлуката на Audi да го продолжи векот на одредени модели со класични мотори, како и да ја прошири понудата на хибриди.


Ако барем малку личи на PB18 концептот (кој го гледате на фотографииве), или пак на новиот A6 Avant кој неоддамна беше претставен, ова е модел за кој вреди да се чека. Многу се надевам дека сево ова е вистина, и дека ќе видиме уште една генерација на Audi R8 со бензински мотор. 



© 2024 Korrmotive. Сите права се заддржани.

  • White Facebook Icon
  • Instagram
bottom of page