top of page

Уште еден фејслифт за Audi Q7

  • Writer: Марко Соколовски
    Марко Соколовски
  • Feb 1, 2024
  • 2 min read

Тековната генерација на Audi Q7 е со нас од 2015 година. Иако доби темелен фејслифт пред неколку години, Audi подготви уште еден фејслифт за успешниот SUV за 2024 година.


Ова е новиот, реосвежен Audi Q7


Audi Q7 1
Audi

Што е ново кај новиот Q7? Како што е редот со Audi фејслифти, промените се минимални, но одблиску дефинитивно се забележуваат повеќе. Предната маска трпи големо освежување, како и останатите делови на предниот браник, заедно со светлосните групи.



Audi Q7 2
Audi

Страничниот дел ја заддржува генерално истата форма, но сега имаме нови дизајни на тркала. Задниот дел добива суптилни освежувања, најзабележливи кај светлосните групи. Најголемата промена, барем како што ми изгледа на овие фотографии, е дека задните издуви сега се вистински.


Достапни се неколку нови каросериски бои, Sakhir Gold златна, Ascari Blue сина (на фотографиите) и Chili Red црвена. Заедно со тоа достапни се и нови бои и типови на украсни детали во ентериерот.


Audi Q7 3
Audi

Малку да позборуваме за што се наоѓа под поклопецот. Q7 гамата се движи на следниов начин:


Q7 45 TDI quattro


  • 3.0-литарски V6 турбодизел

  • 231 коњски сили и 500 Nm вртежен момент

  • 0-100 км/ч за 7.1 секунди

  • Максимална брзина од 226 км/ч


Q7 50 TDI quattro


  • 3.0-литарски V6 турбодизел

  • 286 коњски сили и 600 Nm вртежен момент

  • 0-100 км/ч за 6.1 секунди

  • Максимална брзина од 241 км/ч


Q7 55 TFSI


  • 3.0-литарски V6 турбо бензинец

  • 340 коњски сили и 500 Nm вртежен момент

  • 0-100 км/ч за 5.6 секунди

  • Максимална брзина од 250 км/ч (електронски ограничена)


SQ7 TFSI


  • 4.0-литарски V8 турбо бензинец

  • 507 коњски сили и 770 Nm вртежен момент

  • 0-100 км/ч за 4.1 секунди

  • Максимална брзина од 250 км/ч (електронски ограничена)



Audi Q7 4
Audi

Сите верзии на Q7 со V6 агрегати (односно 45 TDI, 50 TDI и 55 TFSI) имаат влечен капацитет од 3.5 тони, што е одлично. Понатаму, сите имаат лајт-хибрид систем спроведен низ стартер-генератор, кој може да го исклучи моторот на брзини помали од 22 км/ч.


Новиот Q7 ќе се нуди и со најновата генерација на воздушна суспензија, која сама се подесува до 90мм повисоко во теренски средини и опаѓа до 30мм кога сте на автопат.


Исто така, опционално ќе се нуди и управување на сите тркала (all-wheel steering) кое го следи познатиот урнек: на пониски брзини задните тркала вртат спротивно од предните за полесно маневрирање, а на повисоки брзини вртат во иста насока со предните за подобри динамички способности. Управувањето на сите тркала е стандардна опрема на SQ7.


Audi Q7 4
Audi

Ентериерот е сличен со досегашниот Q7, но тоа не е лошо, бидејќи е директно во линија со другите модели на Audi. Virtual Cockpit зад воланот, како и најновата MIB3 генерација на инфозабавен систем.


Q7 и понатаму останува многу практичен SUV. Со задната клупа горе, багажниот простор изнесува 867 литри, а со нивно преклопување се качува на 1.993 литри.


Audi SQ7 1
Audi

Меѓу новите технологии во SQ7 ги вбројуваме Мatrix предните светла, кои можат да бидат надградени во HD Matrix светла со ласерски систем. За надградените светла Q7 ќе му дозволува на возачот да одбере еден од четири светлосни потписи. Истото важи и за задните светла, кои се сега OLED.


Останатите безбедносни системи се оние кои би ги очекувале, а тука е и новиот Remote Park Assist Plus кој многу ќе олесни при паркирање.


Audi Q7 7
Audi

И покрај тоа што Audi Q7 е со нас веќе подолго време, со овој фејслифт ќе си остане во форма и понатаму. Новиот модел започнува од 79.300 во Германија. Од времето на објавување, сѐ уште не се достапни информации околу цените во Македонија.





© 2024 Korrmotive. Сите права се заддржани.

  • White Facebook Icon
  • Instagram
bottom of page