top of page

Audi Q6 e-tron е најновиот член на e-tron семејството

  • Writer: Марко Соколовски
    Марко Соколовски
  • Mar 19, 2024
  • 2 min read

Audi почна сериозно да ја сфаќа работата со електрични возила пред неколку години со претставувањето на e-tron, кој е сега познат како Q8 e-tron. Потоа дојдоа драматичниот e-tron GT и сестраниот Q4 e-tron базиран на MEB платформата.


Сега е време да му кажеме добредојде на најновиот член.


Ова е новиот Audi Q6 e-tron


Audi Q6 e-tron 1
Audi

Q6 e-tron е најновиот член на e-tron семејството, со местоположба меѓу Q4 и Q8 во гамата. Како што можеби наведува името, моделите со парен број ќе бидат целосно електрични, додека тие со непарен број ќе користат мотори на внатрешно согорување, барем додека тоа е сѐуште дозволено.



Audi Q6 e-tron 2
Audi

Од надвор, Q6 e-tron е Audi без сомнеж, со познатата предна маска и заден light bar, но дизајнот на стаклените елементи е малку поразличен, и напред забележуваме нешто досега невидено за Audi: превртени предни светла, со дневните над соборените. Light bar-от на задниот дел е со OLED технологија, со 360 сегменти кои можат да го менуваат приказот на секои 10 милисекунди.



Audi SQ6 e-tron 1
Audi


Освен тоа, предните светла вклучуваат активен светлосен потпис, за прв пат во Audi модел.


Со должина од 4.7 метри и ширина од 2.1 метри (вклучувајќи ги ретровизорите), Q6 e-tron е цврсто во mid-size класата. Меѓуоскиното растојание е скоро 2.9 метри, а тоа е добро за просторот во внатрешноста



Q6 e-tron е поставен на PPE платформата


Audi Q6 e-tron 3
Audi

Новиот Q6 e-tron е првиот модел на Audi поставен на PPE (Premium Platform Electric) платформата, развиена во соработка со Porsche. Истата платформа ја формира и подлогата за новиот електричен Macan.


Тоа овозможува, меѓу другото, архитектура со 800 волти. Основниот Q6 e-tron користи 94.9 kWh (нето) батерија и испорачува 388 коњски сили, додека SQ6 e-tron има огромни 517 КС. Стотка на Q6 e-tron се случува за 5.9 секунди, додека на SQ6 му се потребни само 4.3 секунди.


Audi Q6 e-tron 4
Audi

Поради новата архитектура, Q6 e-tron може да се наполни од 10% до 80% за само 21 минута, а може да се додадат дури 254 километри опсег за само 10 минути, секако на соодветен полнач. Опсегот на струја според WLTP изнесува 625 километри, што е навистина импресивна бројка.



Audi Q6 e-tron 6
Audi

Ентериерот на Q6 e-tron воведува сосем нов дизајн. За жал, физичките контроли за клима уредот веќе ги нема, но на нивно место доаѓа трио од екрани, меѓу кои и еден за совозачот. Сите се поддржани од новата E3 електронска платформа.


Системите му овозможуваат на возачот да остане конектиран, а екранот за совозачот има режим за приватност за да не му го одвлекува вниманието на возачот. Има нов дигитален асистент кој постојано учи, како и AR heads-up display (со засилена реалност или аугментирана реалност). Тоа значи дека сите информации на heads-up дисплејот изгледаат како да се проектирани многу понапред.



Audi Q6 e-tron 6
Audi

Како што би очекувале, има еден куп безбедносни системи. Адаптивен темпомат, ограничувач на брзината според препознати сообраќајни знаци, асистенција при нагло вртење, систем за мониторирање замор кај возачот и многу други, и сите се стандардни!


Audi Q6 e-tron ќе пристигне во втората половина од 2024 година. Засега нема информации околу цените за нашиот пазар.


© 2024 Korrmotive. Сите права се заддржани.

  • White Facebook Icon
  • Instagram
bottom of page