top of page
  • Writer's pictureМарко Соколовски

Aston Martin го претстави освежениот Vantage


Уште од 2005 година, тикетот за влез во светот на Aston Martin беше моделот Vantage. Името Vantage долго време постоеше во понудата на Aston Martin, но речиси 20 години се користи за т.н основниот спортски автомобил.


Втората генерација на Vantage се појави кон крајот на 2017 година, а сега дојде време за темелно освежување


Ова е новиот Aston Martin Vantage


Aston Martin Vantage 1
Aston Martin

Aston Martin се познати по атрактивните дизајни, и новиот Vantage дефинитивно не е исклучок. Ако ме прашувате мене, однадвор изгледа спектакуларно.


Првото издание на оваа генерација што се појави во 2017 година имаше доста контроверзен дизајн, но со освежениот изглед, кој воедно и го доведува во линија со знаменосецот DB12, подобрувањето во дизајнот се забележува. Жолтата боја го прави уште поспектакуларен.


Aston Martin Vantage 2
Aston Martin

Како што гледаме од другите агли, не се работи за сосем нова генерација на Vantage, туку само за темелен фејслифт.


Од страничните делови и од задниот дел разликите не се толку радикални како што се на предницата, но на задниот дел се забележуваат новите поголеми издуви, како и редизајнираниот браник.


Aston Martin Vantage 3
Aston Martin

Како што е редот за фејслифт, новиот Vantage носи и подобрувања кај моторот. Големи подобрувања. Под поклопецот е истиот 4.0-литарски V8 со два турбополначи, развиен во соработка со AMG. Досегашниот Vantage испорачуваше 503 коњски сили, а новиот испорачува огромни 665 коњски сили и 800 Nm вртежен момент.


Тоа се подобрувања од 30% за коњските сили и 15% за вртежниот момент, и тоа му овозможува на новиот Vantage да летне до стотка за 3.4 секунди, додека максималната брзина е 325 километри на час. Силата стигнува до задната оска преку 8-степен автоматски менувач од ZF.



Aston Martin Vantage 4
Aston Martin


Благодарение на подобрувања во суспензијата, 50/50 распоредот на тежина, нова технологија за шасијата, Michelin Pilot Sport 5 S гуми развиени специјално за Vantage, и достапни керамички сопирачки, Vantage ветува првокласни динамички способности.



Aston Martin Vantage 6
Aston Martin

Другата огромна промена се гледа во внатрешноста на Vantage. Дизајнот и распоредот на ентериерот е сосема нов, налик на оној во DB12. Дигитална инструмент табла, нов дизајн на волан, нов инфозабавен систем, и нов дизајн на централна конзола која се наоѓа поблиску до возачот.


Физички контроли за повеќето од функциите, за среќа, се сѐуште тука. Од опциите мора да се издвои Bowers & Wilkins аудио системот со 1,170W моќност, како и WHAT3WORDS интеграција со инфозабавниот систем, кој ви овозможува да ја внесете вашата дестинација преку вашиот смартфон.


Не се гледа на фотографијата, но на централната конзола има и копче коe наведува на спортски издув. За ваков автомобил, тоа е важно нешто.



Aston Martin Vantage 7
Aston Martin

Новиот Aston Martin Vantage ќе го започне производството во текот на првиот квартал на 2024 година, а првите испораки ќе започнат во вториот квартал од годината.

Comentários


bottom of page